Во Делчево се одржа средба меѓу Иван Гоцевски, градоначалник на Делчево и претставници на бизнис-секторот, на која беа отворени повеќе прашања поврзани со актуелните предизвици и идните насоки за локалниот економски развој.
На средбата беше истакнато дека проблемите со кои се соочуваат стопанствениците и локалната заедница се заеднички и дека нивното решавање треба да биде навремено, преку директна комуникација и континуирана соработка. Како еден од клучните чекори беше најавено формирање локален економски совет, кој ќе овозможи побрзо разгледување и решавање на отворените прашања меѓу бизнис-заедницата, општината и другите надлежни институции.
Во фокусот на разговорите беа и новиот Генерален урбанистички план, можностите за унапредување на безбедносните и туристичките капацитети, како и креирање долгорочна стратегија за развој на стопанството во наредните четири години. Беше нагласена потребата од јасна платформа која ќе овозможи поблиска соработка со компаниите и подобрување на условите за работа и инвестирање.
Видео: Delcevo 365.mk
