Во рамки на проектот „Регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“, Општина Делчево продолжува со активности насочени кон подобрување на животната средина и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.
Компанијата Enviroplan, која е ангажирана како надзор во спроведувањето на проектот, донираше пет компостери за компостирање на растителен отпад. Компостерите се распределени на значајни јавни институции во општината – две основни училишта, Гимназијата, Здравствениот дом и Детската градинка.
Со оваа донација се овозможува правилно управување со биоразградливиот отпад, значително намалување на количините отпад што завршуваат на депонија, како и создавање долгорочни еколошки навики, особено кај најмладите.
Градоначалникот Иван Гцевски изрази искрена благодарност за поддршката, нагласувајќи дека ваквите чекори се клучни за градење еколошки свесна генерација и за создавање почиста и поздрава општина Делчево.