Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево

    Семејството на премиерот Мицкоски не патувало со службениот авион, тврди Владата

    Опаѓа бројот на заболени од грип

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Фетаи: Повратот и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот остануваат приоритет
    Политика

    Фетаи: Повратот и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот остануваат приоритет

    18/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Оттаму велат дека со Одлуката на Владата од 9 септември 2025 година и со именувањето на членовите на 28 октомври 2025 година, целосно е консолидирана институционалната структура за координација и мониторинг на оваа стратегија.

    Сепак, како што истакнал заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи, самата структура не создава резултати, резултатите се постигнуваат преку координирано дејствување, јасна институционална одговорност и конкретна отчетност.

    „Националниот совет го утврдува политичкиот правец, додека Националната комисија има задача да обезбеди тој правец да се претвори во мерливи резултати во пракса. Првиот годишен извештај евидентира нормативен напредок, но тековната фаза бара зголемен оперативен ангажман, дисциплина во известувањето и итна реакција на системските пречки“, се вели во соопштението.

    Во овој контекст, Националната комисија ќе функционира како активен механизам за имплементација и мониторинг, со фокус на целосна имплементација на институционалните надлежности, идентификување и адресирање на реалните пречки во системот, известување со интегритет, транспарентност и без политички калкулации, како и итна интервенција во случај на доцнења или недостиг на капацитети.

    За време на состанокот бил промовиран документот подготвен во соработка со United Nations Office on Drugs and Crime (UNODC), „Контролна листа за олеснување на враќањето на имот“, како практичен инструмент за стандардизација и зајакнување на процесите на поврат на средства. Овој документ претставува конкретен чекор кон зајакнување на техничките капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

    „Повратот и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот остануваат приоритет на судскиот систем, органите за спроведување на законот и финансиското разузнавање. Владата е решена криминалот да не остане економски исплатлив и процесите на пронаоѓање, идентификување, конфискација и управување со имотот да бидат ефективни и одржливи. Резултатите ќе се мерат не според бројот на состаноци, туку според конкретниот напредок на терен и зајакнувањето на меѓународниот кредибилитет на државата“, се вели во денешното соопштение од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата за добро владеење.

    Воедно, се нагласува, дека ќе се бара целосна посветеност на овој процес, дисциплина во известувањето, транспарентност на податоците и јасна институционална одговорност од сите вклучени страни, бидејќи, како што посочуваат, одговорноста е колективна, а отчетноста е конкретна.

    Previous ArticleМицкоски: Нема да купиме нов владин авион и ќе се молиме да останеме живи
    Next Article Двајца македонски државјани во притвор, биле вмешани во случајот со запленетите 5 тони марихуана во Србија

    Поврзани вести

    Влада: Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба

    19/02/2026

    Голем е потенцијалот за интензивирање на економската соработка со Словачка, вели Муцунски

    19/02/2026

    Мицкоски: Рамката за договорот со САД е силна порака кој е нивниот партнер во регионот

    18/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево

    Семејството на премиерот Мицкоски не патувало со службениот авион, тврди Владата

    Опаѓа бројот на заболени од грип

    Вајц: Северна Македонија треба итно да испорача реформи без одложување

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.