Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево

    Семејството на премиерот Мицкоски не патувало со службениот авион, тврди Владата

    Опаѓа бројот на заболени од грип

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Дурмиши: Минималната плата е повеќе дневно-политичка тема отколку реално барање
    Политика

    Дурмиши: Минималната плата е повеќе дневно-политичка тема отколку реално барање

    18/02/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Нема потреба од политички маркетинг. Ние не сме против зголемување на минималната плата, но таа треба да се зголеми врз основа на економските параметри – продуктивноста, трудовата моќ…“, рече Дурмиши одговарајќи ѝ на пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ.

    Рече дека никогаш не се откажале од разговори за платите и дека 20.000 работници во јавниот сектор ќе добијат зголемување на платите.

    За платите на избраните и именувани лица, кои беа зголемени за 78 проценти со одлука на Уставниот суд, Дурмиши најави дека набргу Владата ќе донесе одлука за замрзнување на овие плати.

    „За разлика од вас, кои ги зголемивте функционерските плати, ние работиме спротивно и нема да ги зголемиме платите на функционерите. Тоа ќе се одлучи многу бргу и ќе се замрзнат овие плати. Сакате да создадете перцепција дека економската состојба е резултат на сегашните политики, а не на погубните политки од ваше време“, рече Дурмиши.

    Тој оцени дека минималната плата е повеќе дневнополитичка тема отколку реално барање.

    На денешната собраниска седница посветена на опозициски пратенички прашања, одговорајќи на прашањето од пратеникот од Левицата, Амар Мециновиќ, Дурмиши информира дека во земјата има вкупно 700.000 вработени, од кои 100.000 во јавниот сектор, а другите 600.000 во приватниот сектор.

    „Знаеме дека од тие 30.000, кои добиваат минимална плата, се регистрирани во своите компании како индивидуални трговци, кои не зависат од својата минимална плата, туку и од приходите што влегуваат во нивните фирми. Ако се гледа овој број во проценти, кои се трговци поединци, околу три или четири отсто е процентот на вработените што имаат минимална плата во нашата држава. Сите други имаат поголема плата од минималната и ние сме задолжени да се грижиме за овие вработени од три или четири отсто“, рече Дурмиши.

    Тој потенцира дека како Влада досега неколкупати изјавиле дека не се против зголемување на платите или на минималната плата.

    „Ние покажавме со зголемувањето на платите во јавниот сектор, со договор со синдикалците, во здравство, со зголемување на платите во образованието, во Министерството за одбрана, со пензиите и ги зголемуваме платите, но константно, врз основа на економските параметри, врз реално економско зголемување и со зголемување на продуктивноста зашто ја имаме најниската продуктивност во регинот. Ги поддржуваме компаниите преку разни закони и преку оперативниот план, над 3.000 стартапи, од кои 85 отсто се млади од нашата земја, кои аплицираат и сега дејствуваат“, рече Дурмиши.

    Во врска со вредноста на минималната плата, министерот вели дека ние сме пред земјите од регионот во врска со куповната моќ преку минималната плата.

    „Можеме да имаме и минимална плата од 1.000 евра, но колку вреди таа плата. Ние имаме поголена куповна моќ од Чешка, Литванија, Албанија, Црна Гора, Турција, но ние треба да ги достигнеме европските земји како Белгија, Германија, Хрватска итн. Ние работиме за да го поддржуваме приватниот сектор за да стигнеме до таа точка и секоја ад кох одлука, која не е заснована на економски параметри ќе придонесе кон тоа што го кажуваме секогаш, ако се затворат компаниите како што велите вие, но таму има вработени кои  ќе останат без работа. И ако имаме минимална плата со ад кох одлука, како што е барањето кое викаме дека е политичко барање, ќе се намали куповната моќ и ќе се зголеми инфлацијата. Во јануари имаме 0,7 отсто намалување на инфлацијата“, изјави министерот Дурмиши.

    Тој додаде дека сите оние што работат и не биле унапредени со години, како 10 или 15 години, се унапредени во согласност со законот и правилата.

    Во однос на договорот меѓу синдикатите и работадавците, тоа е нешто, како што рече, што ние можеме да помагаме во тој процес.

    „Секогаш кога ќе се договорат тие, ние ќе бидеме таму да им помагаме. Да им помагаме на работадавците  и да им помагаме на работниците зголемувајќи ја платата во секој сектор и да го разледаме и животниот стандард на сите граѓани“, рече Дурмиши.

    Во однос на забелешката од координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски, на чие барање седницата почна еден час подоцна, Дурмиши одговори дека задоцнил бидејќи присуствувал на конференција, која претходно била закажана.

    Премиерот Христијан Мицкоски пак,  за барањата од синдикатите за зголемување на минималната плата на 600 евра денеска порача дека Владата може да им помогне на работодавачите и на работниците да најдат компромис, но не може да се наметнува.

    Мицкоски, во одговор на новинарско прашање, истакна дека Владата го охрабрува бипартитниот дијалог, повторувајќи дека минималната плата ќе се зголеми согласно закон.

    „Владата не е таа која прифаќа барања, бидејќи Владата како работодавач со своите колеги си ги регулираше работите за 98-99 проценти од вкупниот број на вработени од владините институции. Имаме договор до 2028 година. Тој процес сме го заокружиле. Ние не можеме да сугерираме во приватните компании како ќе бидат регулирани нивните односи со работниците. Затоа велиме ние можеме да помогнеме во процесот, да го фасилитираме, мислам дека сега на почеток на март ќе имаме состанок на Економско-социјалниот совет и ние можеме да помогнеме работодавачите и работниците да најдат компромис, но не можеме да наметнуваме затоа што наметнувањето од минатото видовте каде не донесе и со какви се предизвици мора како Влада да се справуваме сега поради некои несреќни политики на некоја претходна Влада“, изјави Мицкоски.

    Според него, Владата секогаш е тука на располагање и на работниците и на работодавачите и ќе помогне во процесот да се постигне решение.

    Владата, посочи Мицкоски, беше подготвена и постигна договор со вработените кои добиваат личен доход под ингеренција на Влада и потпишавме договор заклучно со крајот на мандатот 2028 година.

    „Принципиелно се однесуваме, ги регулиравме нашите односи и мислам тоа е добра порака да стоиме на нашите принципиелни ставови. Се грижиме како Влада, постигнавме договор до 2028 година и го охрабруваме бипартитниот дијалог, а ние како Влада согласно закон ќе ја зголемиме минималната плата“, рече Мицкоски, по учеството на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“. 

     

    Previous ArticleСилен ветер откорна кров на училиште во Гевгелија
    Next Article Мицкоски: Нема да купиме нов владин авион и ќе се молиме да останеме живи

    Поврзани вести

    Влада: Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба

    19/02/2026

    Голем е потенцијалот за интензивирање на економската соработка со Словачка, вели Муцунски

    19/02/2026

    Мицкоски: Рамката за договорот со САД е силна порака кој е нивниот партнер во регионот

    18/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево

    Семејството на премиерот Мицкоски не патувало со службениот авион, тврди Владата

    Опаѓа бројот на заболени од грип

    Вајц: Северна Македонија треба итно да испорача реформи без одложување

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.