Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Беќири си признава: Честитки за победникот, ние не бевме на нашиот максимум!

    Срамно: Самсунспор имаше повеќе фанови од Шкендија на Арената во Скопје! (ФОТО)

    Мицкоски: Можно членство во ЕУ без право на глас од 2027

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Желки бегаат во смрт од агресивни мажјаци на островот Голем Град во Преспа, македонски и светски научници ќе бараат спас
    Македонија

    Желки бегаат во смрт од агресивни мажјаци на островот Голем Град во Преспа, македонски и светски научници ќе бараат спас

    19/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Научници од целиот свет ќе дискутираат дали ќе треба да се преземе нешто со желките во Голем Град или треба да се остави природата да функционира според своите закони“, вели професорот Драган Арсовски од Македонското еколошко друштво, чиј научен труд откри дека на островот на секоја возрасна женка има по 19 мажјаци, што резултира со изразена сексуална агресивност и бегство во смрт кај женките.

    Неговиот научен труд, кој се базира на повеќе од 15 години истражување на желките кои живеат на островот во Преспанското езеро, го привлече вниманието на светската јавност по написот во Њујорк Тајмс, инспириран од истражувањето кое беше објавено минатиот месец во реномираното списание „Ecology Letters“.

    На Голем Град живеат околу 1000 шумски желки, што е исклучително густа и навидум просперитетна популација. Меѓутоа, зад оваа бројност се крие проблем, нарушена полова структура со сериозно поголем број мажјаци, што претставува екстремна диспропорција со далекусежни последици. Истражувањето на Арсовски и неговиот тим докажува дека ваквиот дисбаланс резултира со изразена сексуална агресивност кај мажјаците, кои неретко се обидуваат да се „парат“ и меѓусебно. Женките се изложени на постојан прогон, стрес и физички повреди, а во обид да избегаат од агресијата, дел од нив завршуваат преку стрмните островски карпи, во провалија и сигурна смрт.

    Истражувањата на желките во Голем Град се започнати од 2008 година, а во последните осум години покажале дека преживувањето на овие, инаку долговечни животни кои во природа живеат околу 70, а во добри услови или во заробеништво и над 100 години, не е со очекуваната динамика. Годишниот просек на преживување кај женките се утвдило дека е 84 отсто, за разлика од мажјаците, кај кои е 98 отсто. Негативни фактори се големата густина на единки и половата нерамномерност, но и агресивните игри за парење кои се карактеристични за овој вид што вршат голем притисок врз женките. Доколку ваквиот тренд продолжи, последната женка-желка на Голем Град би можела да исчезне до 2083 година.

    „Секако дека првиот човечки инстинкт кај секој, па и кај мене, вели дека мораме нешто да преземеме и да помогнеме во оваа ситуација. Но, јас, ниту пак, неколкумина, не можеме сами да донесеме таква одлука. Заради тоа во иднина е договорено Националниот парк ‘Галичица’ да организира средба со експерти од целиот свет, кои работат на оваа проблематика и имаат искуство. Со нив ќе разговараме што треба и дали треба да се преземе, ќе се направи посета на терен и ќе се извлечат заклучоци“, вели Арсовски.

    Посочува дека во природата владеат сурови услови за преживување, кои засегнуваат и многу други видови, кои можеби се соочуваат со истата ситуација, но не можеме да знаеме бидејќи не се долговечни како желките, ниту пак се наоѓаат на изолирано место каде може да се истражуваат во подолг период. За Арсовски и за научната јавност е енигма и како овие желки воопшто се нашле на островот, имајќи предвид дека не се способни да го препливаат езерото.

    Една од теориите е дека желките се донесени од страна на луѓето и тоа во нееднаков полов сооднос. Најстарите мажјаци на Голем Град имаат врежани бројки на долниот дел од оклопот, што можеби го докажува човековото влијание заради што, според Арсовски, во овој случај треба да се постапи внимателно. Тој вели дека е сигурно дека истражувањата на Голем Град ќе продолжат и во иднина, не само на желките, туку и на змиите и другите жители на оваа природна лабораторија, која низ годините стана важен центар за многу истражувачи.

    Previous ArticleСиљановска – Давкова: Владиното авионче колегите го нарекуваат авиончето на браќата Рајт
    Next Article Работна средба на Гаши во МАНУ

    Поврзани вести

    Сиљановска – Давкова: Владиното авионче колегите го нарекуваат авиончето на браќата Рајт

    19/02/2026

    Депонијата Русино доби нова механизација вредна 1,1 милиони евра

    19/02/2026

    Семејството на премиерот Мицкоски не патувало со службениот авион, тврди Владата

    19/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Беќири си признава: Честитки за победникот, ние не бевме на нашиот максимум!

    Срамно: Самсунспор имаше повеќе фанови од Шкендија на Арената во Скопје! (ФОТО)

    Мицкоски: Можно членство во ЕУ без право на глас од 2027

    Три хороскопски знаци се родени дипломати

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.