Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Сторија на Ардит Рамадани и Порталб.мк ја доби наградата на ЗНМ за за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење
    Македонија

    Сторија на Ардит Рамадани и Порталб.мк ја доби наградата на ЗНМ за за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење

    18/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Сторијата објавена во два дела „Истражување: Што се очекува да се гради на поранешниот Тетовски монопол, дали Касами го продаде јавниот имот за мала сума пари?“ и „Случајот Монопол: На Касами беше да одлучи дали таму ќе се градат станови или не“, на новинарот Ардит Рамадани објавена на Порталб.мк ја освои годишната награда на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење.

    ЗНМ вчера со свеченост која се одржа во Националната опера и балет одбележа 80 години од постоењето и ги додели годишните награди. Годишната награда за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ ја добија „Код“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и новинарката Ирена Мулачка од „Фокус“ за нивните стории за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

    Награда за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ од ЗНМ добија новинарот Ристо Тасев од Струмица и фоторепортерот Роберт Атанасовски, а за известување на локално ниво, новинарката Анета Блажевска. Признание од ЗНМ доби и Владо Апостолов од БИРН.

    Рамадани, заблагодарувајќи се на комисијата, нагласи дека во време кога новинарството се соочува со многу предизвици, особено локалното новинарство, каде што е забележлив тренд на демотивација на новинарите, вклучувајќи го и него, оваа награда навистина служи како голем мотиватор и поттик.

    Порталб.мк втора година по ред ја освои годишната награда на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење, откако минатата година беше наградена сторијата „Насилство меѓу учениците, аларм во Тетово“ на новинарот Фисник Џелили.

    Previous ArticleПромоција на романот од Ирена Јурчева „Ќе помине и моќта“ во МКЦ
    Next Article Силен ветер откорна кров на училиште во Гевгелија

    Поврзани вести

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    30/05/2026

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    30/05/2026

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    30/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    НАЈЧИТАНИ

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    30/05/2026

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.