Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    УТРЕ И ЗАДУТРЕ: Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција во кошарка ќе се одржи во Македонска Каменица

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Битолскиот диригент Владимир Димовски гостува во Ниш
    Култура

    Битолскиот диригент Владимир Димовски гостува во Ниш

    20/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Битолскиот диригент Владимир Димовски ќе гостува во Ниш, каде ќе диригира со Нишкиот камерен оркестар на концерт посветен на творештвото на Антонио Вивалди. На програмата е „Четирите годишни времиња“, едно од најзначајните и најизведувани дела од барокниот репертоар. Концертот ќе се одржи денеска во Офицерскиот Дом во Ниш со почеток од 19 часот.

    Роден во 1984 година во Битола, Димовски своето музичко образование го започнува на отсек виола, а академската надоградба ја продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Уште за време на студиите се истакнува како водач на групата виоли, што претставува рана најава за неговата подоцнежна уметничка и диригентска определба. Во периодот од 2004 до 2025 година, Владимир Димовски е ангажиран во Македонска опера и балет како виолист и заменик-водач на групата виоли.

    Владимир Димовски е основач на НУ Камерен оркестар на Битола, институција која по повеќегодишна негова уметничка и организациска посветеност, во декември 2023 година го доби статусот на национална установа, заедно со првите вработувања реализирани под негово водство. Моментално е вработен во НУ Камерен оркестар на Битола како виолист, а повремено настапува и како диригент, активно учествувајќи во креирањето и реализацијата на концертните програми.

    Со повеќе од 25 години искуство во диригирање и работа со различни камерни и симфониски оркестри, Димовски го гради својот диригентски израз не како формална дипломска определба, туку како резултат на лична желба, уметничка страст и континуирана практична работа на сцената, низ долгогодишно водење ансамбли и реализација на комплексни музички проекти.

    Паралелно со институционалната работа, веќе 13 години тој е уметнички раководител и диригент на Оркестар DIVA (претходно Битолски Камерен Оркестар), независен ансамбл со јасно профилиран уметнички концепт, насочен кон спојување на класичната оркестарска традиција со современи, поп и рок музички проекти.

    Како автор и диригент, Владимир Димовски стои зад бројни оригинални и препознатливи проекти, меѓу кои „Виена во Битола“, „Rock Symphony“, „James Bond Symphony“, „John Williams Symphony“, „Stars Symphony“, „Flowers Symphony“ и многу други. Овие проекти, чиј уметнички концепт и реализација се негово авторско дело, стекнаа значајна популарност и беа изведувани низ Македонија и регионот.

    Покрај диригентството, Димовски е активен и како автор на аранжмани и оркестрации, со над 400 реализирани дела за камерни и симфониски состави.

    Гостувањето во Ниш претставува уште една потврда за неговиот активен диригентски ангажман и за континуираната регионална уметничка соработка.

    Previous ArticleБеќири си признава: Честитки за победникот, ние не бевме на нашиот максимум!
    Next Article Снег, одрони и сообраќајни незгоди блокираа повеќе патишта низ земјата, АМСМ препорачува внимателно возење

    Поврзани вести

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    20/02/2026

    Комеморација за актерката Ленче Делова се одржа во Драмски театар

    19/02/2026

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    19/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    УТРЕ И ЗАДУТРЕ: Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција во кошарка ќе се одржи во Македонска Каменица

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    Млади од Берово и Пехчево учеа за одржливо користење на автохтони овошки

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    20/02/2026

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    20/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.