Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    УТРЕ И ЗАДУТРЕ: Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција во кошарка ќе се одржи во Македонска Каменица

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Само три од стоте најдобри стрипови на 21-от век се преведени на македонски јазик
    Македонија

    Само три од стоте најдобри стрипови на 21-от век се преведени на македонски јазик

    20/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Пред крајот на 2025 година еден од трите највлијателни француски неделници „Ле Нувел Обс“ објави специјално издание посветенo на „големата авантура на стрипот“ за обемно истражување чиј резултат е топ листа на стоте најдобри стрипови на 21-от век.

    Со истражувањето биле опфатени скоро 200 интелектуалци, меѓу кои писателки, новинари, книжари, музичари, подкастери, преведувачки, ликовни уметници, филмаџии, подкастери, како и културни работници, како директорите на Музејот за стрип во Брисел и фестивалот во Ангулем. Тие ги рангирале домашните и преведените стрип-албуми објавени во Франција во текот на првата четвртина на векот.

    Крајниот список од сто наjдобри стрипови е многу разновиден по повеќе основи. Според авторството најголем дел или 55 се француски, има и 20 од САД, шест од Јапонија, четири од Канада и Белгија, по два од Швајцарија, Италија и Австралија, како и по еден од Шпанија, Израел, Велика Британија, Германија и Шведска.

    На прво место е автобиографскиот „Персеполис“ (Persepolis) од Марџан Сатрапи за нејзиното растење во Иран во текот и по Исламската Револуција.

    Потоа следат „Арапинот на иднината“ од Риад Сатуф, „Фан хоум“ од Алисон Бехтел, „Џими Кориган“ од Крис Вер, „Бласт“ од Ману Ларсент, „Мојата омилена работа се чудовишта“ од Емил Ферис, „Леснотијата“ од Катерин Мурис, „Војната на Алан“ од Емануел Гилбер, „Фотографот“ од Лефевр и Гилбер. На десеттото место е „Заи заи заи заи“ од Фабкаро.

    Меѓу останатите 90 стрипови се наоѓаат и комерцијални хитови од САД како „Опкружен со мрви“ (Walking Dead) и „Пеколко“ (Hellboy), или јапонската манга „Челичниот алхемичар“, но и документарни стрипови како оној за Газа во 1956 година од малтежанецот Џо Сако. Има фантастични приказни како канадскиот „Сага“ од Вон и Стејплс до уметнички ремек дела како „Доаѓањето“ (Arrival) на Австралијанецот Шoн Тeн, кој се состои само од слики без текст. На стото место е серијата за младата партизанка односно припадничка на движењето на опор против фашизмот во Франција „Маделина “ (Madeleine, résistante).

    Само три од овој избор сто најдобри стрипови на 21-от век се преведени на македонски јазик. Тоа се третопласираниот „Фан хоум: семејна трагикомедија“ од Американката Алисон Бехтел, како и високо пласираниот „Сини пилули“ од Швајцарецот Фредирик Питерс, кој е на 14-тото место.  Обата ги има издадено Темплум во 2017 година.

    Третиот е „Пјонгјанг“ од канадскиот автор Ги Делил, објавен од Бункер во 2021 година. Овој патепис на канадскиот стрипаџија и аниматор за Северна Кореја се наоѓа на 33-тото место од списокот направен од магазинот „Ле Нувел Обс“.

    Истите издавачи имаат објавено и по едно дело на шампионката Сатрапи, „Слатко со сливи“, односно „Везење“.

    Previous ArticleГлобални проекции на венецуелскиот филм за украдените избори ја оживуваат контроверзата поврзана со Македонија
    Next Article НБА итно воведува 7 нови правила, ситуацијата е полоша од кога било

    Поврзани вести

    Општина Делчево започнува со процес за имплементација на нова административнo-дигитална платформа – „Смарт Делчево”

    20/02/2026

    Делчево инвестира во новата населба СРЦ – започна изградба на целосна инфраструктура

    20/02/2026

    Започна обновата на соборниот храм „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Пехчево

    20/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    УТРЕ И ЗАДУТРЕ: Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција во кошарка ќе се одржи во Македонска Каменица

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    Млади од Берово и Пехчево учеа за одржливо користење на автохтони овошки

    НАЈЧИТАНИ

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    20/02/2026

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    20/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.