Денеска масовно беше блокиран регионалниот пат Виница – Берово како знак на протест против изградбата на хидроцентралата на Блатец. Граѓаните на достоинствен и сложен начин се спротивставија, истакнувајќи дека ова не е борба од инает, туку борба за вода, за зачувување на природата и за иднината на следните генерации.

„Блатец не е на продажба“, гласеше пораката на учесниците на барикадите, кои добија и силна поддршка од ветровите што дуваа во нивен грб.

