Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    УТРЕ И ЗАДУТРЕ: Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција во кошарка ќе се одржи во Македонска Каменица

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Општина Делчево започнува со процес за имплементација на нова административнo-дигитална платформа – „Смарт Делчево”
    Македонија

    Општина Делчево започнува со процес за имплементација на нова административнo-дигитална платформа – „Смарт Делчево”

    20/02/20261 Min Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Општина Делчево започнува со процес за имплементација на нова административнo-дигитална платформа наречена „Смарт Делчево”.

    Оваа платформа според јавно објавената информација на општинската веб страна подразбира воведување нов јавен административен и дигитален систем за поднесување, следење на текот и реализацијата на предлози, иницијативи и идеи од граѓаните, месните и урбаните заедници и граѓанскиот и бизнис– секторот преку кој граѓаните ќе имаат увид во текот на секоја иницијатива/барање/проблем/предлог/идеја.

    Платформата ќе биде усогласена со актуелната позитивна законска регулатива, внатрешните процедури, протоколите и постапките за сите функционалности на Општина Делчево.

    Целта на оваа дигитална јавна интернет алатка е зголемена транспарентност и ефикасност при постапувањето со пријавување, следење и брзо решавање проблеми под ингеренции на ЕЛС Делчево, ЈКП „Брегалница” Делчево, ТППЕ Делчево, преку која граѓаните ќе може да го следат текот и исходот од решавање на секој пријавен проблем.

    Градоначалникот Гоцевски истакна дека веќе се спроведени активности за воспоставување на оваа нова платформа којашто значително ќе го подобри целокупното работење на општинската администрација и што е најважно ќе обезбеди брзи и ефикасни услуги кон граѓаните и стопанството.

    –Овој иновативен проект се реализира како дел од мојата Програма за работа којашто доби недвосмислена поддршка од граѓаните на локалните избори минатата година, нагласи Гоцевски.

    Previous ArticleДелчево инвестира во новата населба СРЦ – започна изградба на целосна инфраструктура
    Next Article Млади од Берово и Пехчево учеа за одржливо користење на автохтони овошки

    Поврзани вести

    Делчево инвестира во новата населба СРЦ – започна изградба на целосна инфраструктура

    20/02/2026

    Започна обновата на соборниот храм „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Пехчево

    20/02/2026

    Денеска масовно беше блокиран регионалниот пат Виница – Берово како знак на протест против изградбата на хидроцентралата на Блатец.

    20/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    УТРЕ И ЗАДУТРЕ: Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција во кошарка ќе се одржи во Македонска Каменица

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    Млади од Берово и Пехчево учеа за одржливо користење на автохтони овошки

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    20/02/2026

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    20/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.