Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Пинг-понгот повторно блесна во Малешевијата – ППК „Зегин“ Берово со извонредни резултати!

    Пожар во угостителски објект во трговскиот центар во Кочани

    УТРЕ Е ПРОЧКА: Еве што треба да направите, а две работи треба да ги имате на трпезата за радост

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Македонија и ОК организатори на дебата за насилство врз жените во политиката на Парламентарното собрание на ОБСЕ
    Политика

    Македонија и ОК организатори на дебата за насилство врз жените во политиката на Парламентарното собрание на ОБСЕ

    20/02/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, Украина беше во фокусот на отворањето на 25-от зимски состанок на ПС на ОБСЕ во Виена, Австрија, со обраќања на претседателот на Австрискиот национален совет, Валтер Розенкранц; претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук; претседателот на ПС на ОБСЕ, Пере Жоан Понс; и генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Синирлиоглу.

    За време на 25-та зимска сесија на ПС на ОБСЕ, ОДИХР беше домаќин на дополнителен настан на тема „Насилството врз жените во политиката во регионот на ОБСЕ: искуства и справување со стратегиите на жените во политиката“. Организатори на овој настан беа делегациите на Македонија и Обединетото Кралство.

    Пратеничката Моника Зајкова го отвори настанот, при што истакна дека насилството и вознемирувањето врз жените-политичарки, вклучително и оние кои се стремат да се вклучат во политички движења, продолжуваат да претставуваат сериозна закана за демократиите.

    Таа истакна дека физичките и вербалните напади врз жените кои слободно ги изразуваат своите политички мислења и ги остваруваат своите политички права се прелеваат и во дигиталната сфера, каде што гледаме безброј случаи на онлајн-вознемирување, закани и заплашување распространети низ платформите. Затоа е потребно земјите членки на ОБСЕ да посветат должно внимание за да спречат, истражат и казнат сторители на насилство врз жените и девојчињата и да соработуваат со сите релевантни засегнати страни. Во однос на македонското законодавство, таа укажа дека националните политики за обезбедување целосна родова еднаквост без какво било насилство и репресија во Македонија, се развиваат во тесна координација со локалната и меѓународната експертиза, особено Мисијата на ОБСЕ во Македонија и ОДИХР.

    Во работата на Комитетот за демократија, човекови права и хуманитарни прашања, учествуваше пратеничката Ели Панова. На комисијата имаше презентации од директорот на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите и претседателот на Комитетот за човечка димензија на Постојаниот совет на ОБСЕ. Се дебатираше за интегритетот на изборите во услови на хибридни закани и странско злонамерно влијание.

    Во работа на Комисијата за економски прашања, наука, технологија и животна средина, учестуваше пратеникот Бобан Карапејовски. На комисијата се дебатираше на тема „Геоекономија, технологија и безбедност: Навигација низ променлив пејзаж“, со презентации од нејзиниот известувач, директорот на Институтот на ЕУ за безбедносни студии, потоа директорот на австрискиот институт за безбедносна политика, координаторот на ОБСЕ за економски и еколошки активности и член на американскиот тинк-тенк.

    Пратеникот Бобан Карапејовски укажа дека геоекономијата станува централен инструмент на државната управа. Економската меѓузависност, некогаш сметана како гарант на мирот, сега е ранлива. Стратешките зависности, без разлика дали се во енергетиката, критичните минерали, снабдувањето со храна или напредните технологии, можат да се претворат во закани за мирот. Потенцираше дека пратениците мора да промовираат политики што ја зајакнуваат отпорноста без да ги поткопаат принципите на отворени пазари, транспарентност и меѓународна соработка што го поткрепуваат регионот на ОБСЕ. Исто така, нагласи дека парламентарниот надзор и демократскиот легитимитет се фундаментални. Одлуките за санкции, контрола на извозот, дигиталниот надзор и индустриската политика носат длабоки последици за економиите и општествата и тие мора да бидат засновани на закон, транспарентност и почитување на основните слободи, се наведува во соопштението од Собранието.

    На заедничкиот состанок на трите комисии на тема: Човековите права како основа за безбедност, настапи пратеничката Моника Зајкова која нагласи дека сеопфатниот концепт на безбедност на ОБСЕ се темели на три меѓусебно поврзани димензии, и тоа: политичко-воена, економска-еколошка и човекова, кои меѓусебно се надополнуваат. Кога човековите права се ослабени, следува нестабилност и кога демократските институции еродираат, се зголемуваат ризиците од конфликт и кога е поткопано владеењето на правото се урива довербата меѓу граѓаните и државата. Таа укажа дека работата на автономните институции на ОБСЕ останува од суштинско значење во овој поглед и тие мора да бидат политички и финансиски поддржани.

    Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите на ОБСЕ во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина.

    Previous ArticleДебата на Француски институт и Метаморфозис: „Медиумите и социјалните мрежи: да ја вратиме довербата”
    Next Article Итно е потребна политичка волја и од македонска и од бугарска страна за излез од ќор-сокакот во ЕУ интеграциите

    Поврзани вести

    Мицкоски: Овој народ ја бранел вратата на Европа со векови

    21/02/2026

    Сиљановска: На македонските граѓани не им се потребни сожалувања, туку решенија

    20/02/2026

    Николоски: Решение за македонските превозници ќе има

    20/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Пинг-понгот повторно блесна во Малешевијата – ППК „Зегин“ Берово со извонредни резултати!

    Пожар во угостителски објект во трговскиот центар во Кочани

    УТРЕ Е ПРОЧКА: Еве што треба да направите, а две работи треба да ги имате на трпезата за радост

    Фирма на син на екс претседател на СДСМ во Ново Село вмешана во случајот со марихуаната фатена во Србија

    НАЈЧИТАНИ

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    20/02/2026

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    20/02/2026

    „Живееме пекол“, напишаа студенти за однесувањето на Вучиќ кон мајката од Бор

    21/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.