Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Пинг-понгот повторно блесна во Малешевијата – ППК „Зегин“ Берово со извонредни резултати!

    Пожар во угостителски објект во трговскиот центар во Кочани

    УТРЕ Е ПРОЧКА: Еве што треба да направите, а две работи треба да ги имате на трпезата за радост

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»КОНЕЧНО КРАЈ НА ЧЕКАЊЕТО: Автопатот Гостивар – Кичево во завршна фаза – еве кога ќе биде завршен!
    Македонија

    КОНЕЧНО КРАЈ НА ЧЕКАЊЕТО: Автопатот Гостивар – Кичево во завршна фаза – еве кога ќе биде завршен!

    21/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Автопатската делница од Гостивар до Кичево ќе се изгради во предвидениот рок, потврдија премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на ЈП „Државни патишта“ Коце Трајановски по извршениот увид на делницата „два“, која се протега од Гостивар до кичевското село Букојчани.

    Мицкоски изрази благодарност до сите институции и соработници, нагласувајќи дека Владата е целосно фокусирана на изградба на стратешка инфраструктура што ќе ја позиционира државата како регионална раскрсница. Тој истакна дека ваквите коридори имаат значење не само за економијата, туку и за безбедноста, особено во контекст на членството во NATO, потенцирајќи дека подобрувањето на поврзаноста ја зајакнува отпорноста на регионот и јужното крило на Алијансата.

    Министерот Николоски информираше дека експропријацијата на имотите долж трасата е завршена околу 90 проценти, што го оцени како значаен успех. Досега се исплатени околу 470 милиони евра – сума која, според него, е исклучително висока за буџет како македонскиот. Тој најави дека автопатот би требало да биде целосно функционален до крајот на 2029 година, додавајќи дека позитивен напредок има и на делниците Тетово–Гостивар и Прилеп–Битола.

    Вршителката на должност шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс, порача дека Коридор 8 ќе ја трансформира економската иднина на Северна Македонија преку поврзување на истокот и западот, олеснување на трговијата и отворање нови можности за граѓаните. Таа потенцираше дека САД го ценат партнерството и очекуваат задржување на моментумот за реализација на заедничката инвестиција.

    Директорот Трајановски нагласи дека работите на делницата се одвиваат според планот. Станува збор за траса долга околу 31 километар, од кои веќе се работи на повеќе од 11 километри. На терен се ангажирани околу 600 работници и над 500 градежни машини. Тој оцени дека ова е една од најсложените и најскапите делници досега, поради ридско-планинскиот терен и потребата да се заобиколи Стража за да се стигне до Букојчани.

    Воедно, информираше дека на потегот Букојчани–Кичево се работи на 11 километри, додека делницата Кичево–Охрид е во завршна фаза. Со реализацијата на целиот проект, времето на патување од Скопје до Охрид, наместо досегашните три до три и пол часа, ќе се намали речиси за половина, овозможувајќи побезбедно и поудобно патување.

    Владината делегација изврши увид и на еден од најголемите вијадукти во завршна фаза – мост долг 386 метри, со столбови високи до 41 метар и околу 20 носечки столбови, кој претставува еден од клучните објекти на оваа комплексна инфраструктурна траса.

    – Во интерес на истрагата не би одел чекор понапред, можеби Министерството може да сподели некој детал. Тоа што го имав за овој случај го кажав. Има функционери, но од претходната Влада. Има фирма која што е сопственост

    Previous ArticleСензационално: Матераци ќе игра за Србија!
    Next Article Масовно апсење во Скопје – интервенции на различни локации во градот!

    Поврзани вести

    Пожар во угостителски објект во трговскиот центар во Кочани

    21/02/2026

    УТРЕ Е ПРОЧКА: Еве што треба да направите, а две работи треба да ги имате на трпезата за радост

    21/02/2026

    Фирма на син на екс претседател на СДСМ во Ново Село вмешана во случајот со марихуаната фатена во Србија

    21/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Пинг-понгот повторно блесна во Малешевијата – ППК „Зегин“ Берово со извонредни резултати!

    Пожар во угостителски објект во трговскиот центар во Кочани

    УТРЕ Е ПРОЧКА: Еве што треба да направите, а две работи треба да ги имате на трпезата за радост

    Фирма на син на екс претседател на СДСМ во Ново Село вмешана во случајот со марихуаната фатена во Србија

    НАЈЧИТАНИ

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    20/02/2026

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    20/02/2026

    „Живееме пекол“, напишаа студенти за однесувањето на Вучиќ кон мајката од Бор

    21/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.