Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дардишта: Во добра форма сме и целиме кон позитивен резултат

    Парламентарни избори во Бугарија, поранешниот претседател Радев води во анкетите

    Растодер повторно погоди, Тун оди кон титулата

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Засадени 82 садници на Голак во чест на 82- годишнината од Февруарскиот поход
    Македонија

    Засадени 82 садници на Голак во чест на 82- годишнината од Февруарскиот поход

    24/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Денеска на Голак во чест на 82- годишнината од Февруарскиот поход, беа посадени 82 садници покрај спортското игралиште што ќе претставува жив споменик на едно бурно време и потсетник за жртвите во македонската борба за слобода и независност.

    Засадувањето садници беше дел од пригодната свеченост организирана од Општина Делчево која се одржа пред спомен -плочата која го чува споменот за походот на Народноослободителната војска на Македонија која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на Источна, Централна и Западна Македонија. Дел од маршрутата на Третата борбена единица била и планината Голак заедно со Беласица, Плачковица и Осогово.

    По повод годишнината од Февруарскиот поход, членови на КУД „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход изведен во 1944г., по што пред спомен-обележјето се поклонија и свежо цвеќе положија: делегација од Општина Делчево, предводена од градоначалникот Иван Гоцевски, делегација од Советот на Општина Делчево, претставници на политички партии и на здруженија на граѓани.

    Градоначалникот Иван Гоцевски нагласи дека Делчево со почит ја одбележува мисијата на храбрите револуционери од Народноослободителната војска на Македонија истакнувајќи дека успешното изведување на Походот имало извонредно историско и воено значење за македонската антифашистичка борба.

    – Револуционерите од Третата борбедна единица поминале 400 км во најнеповолни временски услови и покажале дека антифашистичката борба има масовен општонароден карактер во Македонија. Февруарскиот поход е една од најзначајните воено-тактички операциии и симболизира истрајност, храброст и пожртвуваност во борбата за слобода и национално достоинство. Неговото наследството го трасира нашиот пат за иднината и за нас е аманет да ги чуваме вредностите на слободата, солидарноста и националното достоинство и да продолжиме да работиме за напредокот на нашата земја, порача Гоцевски.

    Previous ArticleАлиу: На шест фирми им се одземени одобренијата за одгледување канабис за медицински цели
    Next Article Средба на градоначалниот на општина Пехчево Китански и директорот на ИПР Здравков, тема на разговор проектите за регионален развој

    Поврзани вести

    Меѓународната федерација на новинари бара Кувајт да го ослободи Ахмед Елдин

    18/04/2026

    Делчево ја одбележа годишнината од загинувањето на комитите од последната чета на ВМРО во Пијанец

    18/04/2026

    Во просториите на Матичната библиотеката “Кочо Рацин “денеска се одржа промоција на книгата ” Разбудена вода” од авторката Дијана Петкова

    18/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дардишта: Во добра форма сме и целиме кон позитивен резултат

    Парламентарни избори во Бугарија, поранешниот претседател Радев води во анкетите

    Растодер повторно погоди, Тун оди кон титулата

    Меѓународната федерација на новинари бара Кувајт да го ослободи Ахмед Елдин

    НАЈЧИТАНИ

    Хуманитарна акција на Зегин за најранливите во Малешевијата

    18/04/2026

    Ученици од ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово заминуваат на меѓународна размена преку Еразмус+

    18/04/2026

    Мицкоски: Нема поента да се бара екстрадиција на Груевски додека тој има азил

    17/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.