Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Мангата „Монстер“ и реиздание на „Модести Блејз“ избрани за најдобри стрипови во регионот за 2025 година

    „Шкендија има одличен тим, ростер за респект, ние нема што да загубиме“

    (Видео) Актерката покажа нова верзија на „гол фустан“, сите се прашуваат – дали е навистина гола?

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Со проекција на документарен филм ЕУ делегацијата одбележа 4 години од руската инвазија на Украина
    Македонија

    Со проекција на документарен филм ЕУ делегацијата одбележа 4 години од руската инвазија на Украина

    26/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Делегација на Европската Унија во Северна Македонија ја одбележа четвртата годишнина од целосната руска инвазија врз Украина со специјална проекција на документарниот филм „Порцеланска војна“ (Porcelain War) на 24 февруари во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје.

    Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Михалис Рокас ја потврди силната поддршка на ЕУ за Украина и нејзиниот народ, заложувајќи се за прифатлива солуција за склучување мир. Тој истакна дека ЕУ ја цени и поддршката на Северна Македонија на Украина искажана преку учество на вицепремиерот  и министер за европски прашања Беким Сали  преку учеството на комеморацијата во Киев.

    Настанот беше дел од глобалната серија иницијативи координирани од Европска служба за надворешни работи (EEAS) за одбележување на руската војна на агресија против Украина и за потврдување на поддршката за украинскиот суверенитет, мирот и солидарноста. Организиран во рамки на „#TeamEurope“, на проекцијата присуствуваа претставници на институции, граѓански организации, дипломатски мисии и партнери.

    Проекцијата беше надополнета со заеднички авторски текст објавен од амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас, и амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир.

    Осврнувајќи се на тековните настани амбасадорите предупредуваат дека „мир без одговорност е илузија. Мир изграден врз неказнивост не е мир. Тоа е пауза пред следниот напад.“ Укажувајќи дека Европа ја има научено исторската лекција дека „секој пат кога агресијата е наградена со молчење или отстапки, таа се враќа со поголема сила“.

    Амбасадорите ја потврдуваат континуираната политичка, хуманитарна, економска и воена поддршка на Европската Унија за Украина и ја нагласуваат важноста од единство и солидарност.

    Документарецот „Порцеланска војна“ е добитник на Големата награда на жирито на Филмскиот фестивал Санденс (Sundance Film Festival) во 2024 година и беше номиниран кандидат за Оскар за најдобар долгометражен документарен филм. Филмот сведочи за културниот отпор и издржливоста на граѓанското општество во воени услови преку лични приказни на украински уметници кои се борат против руската агресија.

    Со организирањето на проекцијата во Скопје, Делегацијата на ЕУ испрати порака дека последиците од војната се чувствуваат и надвор од границите на Украина, како и дека европската солидарност останува клучна за зачувување на мирот, демократските вредности и меѓународното право.

    Previous ArticleБХРТ денес престана со емитување на програмата
    Next Article Саем за образование и кариера утре и задутре во Сити мол

    Поврзани вести

    Заседаваше Советот за безбедност, состојбата во земјата е стабилна и безбедна

    02/03/2026

    Пуштени во употреба уште четири километри од Коридорот 8

    02/03/2026

    Македонија е безбедна, нема опасност од војната на Блискиот Исток

    01/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Мангата „Монстер“ и реиздание на „Модести Блејз“ избрани за најдобри стрипови во регионот за 2025 година

    „Шкендија има одличен тим, ростер за респект, ние нема што да загубиме“

    (Видео) Актерката покажа нова верзија на „гол фустан“, сите се прашуваат – дали е навистина гола?

    Жени, не треба да се обидувате да ги промените овие три работи кај мажот

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    Теренско противпожарно возило донација за ДПД Пехчево од Rotary Club Skopje West

    01/03/2026

    МНР: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

    28/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.