Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»За довршување на автопатот Кичево-Охрид нови 186 милиони евра, треба да се изгради до јуни идната година
    Македонија

    За довршување на автопатот Кичево-Охрид нови 186 милиони евра, треба да се изгради до јуни идната година

    26/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Со нови 186 милиони евра и рок до јуни идната година ќе се довршува автопатот Кичево – Охрид. За целосна изградба на делницата, која започна да се гради пред 12 години, ќе се потпише нов анекс на договорот за изградба меѓу Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“. Дополнителните финансии се наменети за стабилизација на свлечишта со изградба на 14 галерии, поставување ограда, изградба на паралелни пристапни патишта што не биле предвидени за поврзување на населените места, како и за контролен центар за тунелите.

    Собранието вчера ги изгласа дополнувањата на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, со кои се предвидува да се случи Анекс бр. 8, за автопатот во должина од 57 километри од кој досега се пуштени 40-ина километри.

    – Интензивно се работи на проектот и со овој анекс конечно ќе го завршиме автопатот Кичево – Охрид – рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

    Според него дополнителните средства и време се потребни за целосно завршување на проектот со работи што не биле предвидени од основниот проект.

    „За таа цел предвидуваме стабилизација на свлечишта. Ќе се градат 14 галерии долж автопатот, ќе се изведат и дополнителни работи за еластична одбојна ограда, со примена на европски стандарди, а која не била предвидена воопшто. Дополнителни финансиски средства има за изградба на контролен центар за тунелите кој ќе служи и за тунелот што ќе се гради на делницата Кичево–Букојчани“, рече Николоски.

    Исто така, ќе се финансираат пристапни патишта што не биле предвидени во првичниот план, а се предвидени во претходните анекси на договорот кои се неопходни за функционалност и сообраќајно поврзување на населените места долж автопатот. Тоа се пристапни патишта од село Арбиново до село Издеглавје, од село Издеглавје до Ново Село, од Ново Село до село Ботун, од Мешеиште до Требениште, од Требениште до Подмоље и до Охрид.

    Со потпишувањето на Анекс бр. 8, инвеститорот и изведувачот се согласни дека изведувачот има право на продолжување на рокот за завршување за дополнителни 151 ден. По 11 години изградба на автопатот Кичево-Охрид на 13 јули лани беа пуштени првите 20 километри, на потегот од Врбјани до Ботун, а на 7 септември уште една делница, Климештани-Охрид, во должина од 17 километри. За изградбата заклучно со крајот на минатата година реализирани се 557.985.782 евра или 93,3 проценти од предвиденото.

    Previous ArticleЛажен лекар измамил битолчани за речиси 20.000 евра
    Next Article БХРТ денес престана со емитување на програмата

    Поврзани вести

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    22/10/2026

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    22/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.