Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски е сопственик на компанијата што ја гради зградата каде што загина работник

    Се проширува акцијата за откривање на нелегален увоз на ботокс и филери, најавени нови претреси низ целата држава

    Работници на градилиште затрупани со земја, двајца извлечени во тек е акција за спасување на третиот

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Гаши не го коментира враќањето на Груби, смета дека политиката не треба да се меша во судството
    Политика

    Гаши не го коментира враќањето на Груби, смета дека политиката не треба да се меша во судството

    26/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Собранието и јас како негов претседател не е добро да коментирам политички одлуки, но она што сум го изјавил јавно и што е принципиелно и можам да го повторам е тоа дека е крајно време да престанеме да се мешаме во судството. Таа перцепција кај граѓаните дека има некаков договор остава лошо чувство кај сите граѓани, така што мојата порака би била, конечно, секоја институција да си ја врши својата работа, во овој дел судството и Обвинителството. Има процес, нека си ја вршат својата работа совесно и професионално. Тоа ќе биде доволно сите граѓани да бидат задоволени. На крајот на краиштата, битна е правдата“, изјави Гаши.

    Гаши, како што истакна, не мисли дека враќањето на Груби е политичка одлука. – Немам никакви информации, не можам да тврдам нешто што не го знам – рече тој.

    Дојдено е времето, според претседателот на Собранието, „сите да се свестиме дека немаме време веќе за губење за воспоставување на правната држава“.

    „Ова е повик кон сите институции, актери во општеството, и судството и Обвинителството, и извршната и законодавната власт, ако секој си ја извршува својата работа професионално и совесно, мислам дека не е тешко да се дојде до тоа. Конечно, сите ние што сме повикани, вклучително и вие како новинари, за кои сметам дека сте битен фактор во општеството, ако сите работиме во една насока, мислам дека ќе постигнеме позитивни ефекти многу побргу“, рече Гаши.

    Додава дека секоја институција треба да работи совесно и професионално и, вели, ако се водиме од овие два принципа, убеден сум дека ќе имаме позитивни ефекти.

    За утре е закажана седница на работната група за Изборниот законик во Министерството за правда и се очекува да биде избран нејзин претседател. Гаши информира дека во следните недели во Собранието би требало да пристигнат нови закони од реформската агенда.

    „Интенцијата е работата да биде динамична и што побргу да имаме Изборен законик што би бил прифатлив за сите инволвирани страни во изборниот процес. Што се однесува до реформската агенда, очекуваме деновиве да видиме кои се законите што се планираат да се достават од страна на Владата за Собранието да биде спремно и да направи календар и предвидливост во процесот на носењето на овие закони од реформската агенда“, рече Гаши.

    Во однос на Кривичниот законик, претседателот на Собранието рече дека неформално е информиран оти ќе има нов Кривичен законик, но нема информација кога ќе биде доставен до нив.

    МИА

    Previous ArticleСаем за образование и кариера утре и задутре во Сити мол
    Next Article Мицкоски: Филипче е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

    Поврзани вести

    Мицкоски: На следните избори останува техничката влада

    23/04/2026

    Алиу вели дека Законот за заштита од пушење е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност

    23/04/2026

    Бошњачки демократски сојуз: Нaместо БиХ, на ракометниот турнир Република Српска

    22/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски е сопственик на компанијата што ја гради зградата каде што загина работник

    Се проширува акцијата за откривање на нелегален увоз на ботокс и филери, најавени нови претреси низ целата држава

    Работници на градилиште затрупани со земја, двајца извлечени во тек е акција за спасување на третиот

    Шкупи посакува изненадување во Гостивар против Арсими

    НАЈЧИТАНИ

    Хуманитарна акција на Зегин за најранливите во Малешевијата

    18/04/2026

    ППК” Зегин” Берово, спортските амбасадори на Малешевијата уште еднаш најдобри на Државното првенство во пинг-понг, Телеком мастерс 2 во категорија У 15 кој се одржа во Битола

    18/04/2026

    Ученици од ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово заминуваат на меѓународна размена преку Еразмус+

    18/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.