Денес, Доброволно Противпожарно Друштво Пехчево изврши брза интервенција на пожар во близина на селото Црник, при што гореше сува трева и ниска вегетација.
Благодарение на навремената и координирана акција на доброволните пожарникари, пожарот беше ставен под контрола и спречено беше негово ширење кон блискиот блок со овошен насад – сливи, со што е избегната поголема материјална штета.
Од ДПД-Пехчево апелираат до граѓаните на зголемена внимателност, особено во периоди со високи температури и суво време, со цел превенција од пожари на отворен простор.
Интервенцијата уште еднаш ја потврди подготвеноста и значајната улога на доброволните противпожарни друштва во заштитата на луѓето, имотот и природата на подрачјето на Пехчево.


