Close Menu
Malesh
    Актуелно

    ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ТУРИСТИЧКО КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР ВО ДЕЛЧЕВО

    Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје

    ВМФЛ-18.коло: Шкендија (А) на мегдан со „пиратите“!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Со европски проект се испитува дали отпадот од депонијата со фосфорен гипс во велешко може да се реупотреби
    Македонија

    Со европски проект се испитува дали отпадот од депонијата со фосфорен гипс во велешко може да се реупотреби

    25/02/20266 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Примероци од депонијата со фосфорен гипс на некогашната фабрика за вештачки ѓубрива ХИВ Велес, кај селото Згрополци се испитуваат во рамки на проект на Градежниот Институт Македонија – ГИМ и европски лаборатории и научни институции. Целта, како што информираат од Министерството за животна средина, е да се анализира составот на историскиот отпад за да може да се искористи искуството на европските земји во решавањето на ваков тип на депонии, но и за да се истражи потенцијалот за пренамена и повторна употреба на фосфогипсниот отпад. Идејата е да се развијат методи за употреба на отпадот за производство на суровини за индустриите за хартија, цемент, батерии, ѓубрива и детергенти.

    Примероците од отпадот се испитувани во лаборатории кај нас и во Канада, Белгија и други земји, а извршена е хемиска, минералошка и радиолошка карактеризација.

    „Истражувачите користеа широк спектар на научни методи за да го проучат отпадниот материјал. На примероците земени од депонијата на фосфогипс во Згрополци извршени беа радиолошка анализа со користење на гама спектрометрија и радиохемиски техники, минералошка и хемиска анализа за идентификување на минералите, составот на елементите и концентрациите на ретки земни елементи, мониторинг на животната средина, испитувања на радон во воздухот и прашина од PM-10 честички кои беа измерени на локации околу депонијата, вклучувајќи ги и местата на културно наследство. Заедно, овие методи даваат целосна слика и за материјалот и за неговото влијание врз животната средина“, велат од ГИМ.

    Резултатите покажуваат дека материјалот содржи ретки земни елементи, што го прави потенцијално вреден, но потребно е внимателно управување со истиот. Минатата година се спроведени и испитувања на радиоактивноста на отпадот од страна на белгиски институт, кои покажуваат дека фосфогипсот содржи зголемени нивоа на природна радиоактивност, особено од ураниум, радиум, олово и бизмут, со алфа и бета активност кои се значително повисоки во споредба со природна почва.

    Сепак, од ГИМ посочуваат дека надворешната доза на зрачење за луѓе кои престојуваат во близина на локацијата останува ниска и е под меѓународно утврдените безбедносни граници што значи дека фосфогипсниот отпад не претставува непосредна опасност од зрачење за жителите на околните населени места. Нивоата на надворешна изложеност остануваат ниски, а повремените посети на локацијата нема да доведат до штетни дози на зрачење. Но, од друга страна, испитувањата утврдиле дека фосфогипсот не е безбеден за употреба како градежен материјал во затворени простории, бидејќи радиоактивноста може да се акумулира во затворен простор.

    „Во однос на потенцијалната употреба на отпадот во нови производи и можниот ризик за радиоактивност, во тек се дополнителни лабораториски испитувања, а конечната оценка за усогласеноста со европските стандарди ќе се донесе по добивање и тестирање на финалните производи“, велат од ГИМ.

    Испитувањата покажале и дека депонијата се наоѓа во тектонски активна област, а подлогата е пропустлива, што создава ризик од инфилтрација во почвата или подземните води, а ветровите во Вардарската долина можат да разнесуваат честички и фина прашина од гипс, кои се детектирани на неколку километри оддалеченост, вклучително и кај археолошкиот локалитет Стоби.

    „Проектот FIC-Fighters почна во јуни 2024 година и ќе трае 4 години. Финансиран е од Европската комисија во склоп на програмата HORIZON и во него учествуваат 26 партнери од цела Европа, кои опфаќаат истражувачки институции, приватни компании и непрофитни организации, се дел од проектот. Шестте студии на случај се лоцирани во Бареиро (Португалија), Кутина (Хрватска), Прахово (Србија), Турну Магуреле (Романија), Велес (Северна Македонија) и Картахена (Шпанија). Градежниот Институт Македонија е еден од 26-те партнери кои работат на демонстрирање на потенцијалот за пренамена и повторна употреба на фосфогипсниот отпад лоциран во Згрополци – дел од депонија настаната како резултат на работењето на фабриката Хемиска Индустрија- Велес“, велат од ГИМ.

    Посочуваат дека целта на проектот е да демонстрира циркуларни и системски решенија за ремедијација на фосфогипсните депонии во Европа. Во октомври ќе биде пуштен во употреба и бесплатен онлајн портал посветен на депониите на фосфогипс низ Европа и пошироко меѓу кои и таа во Згрополци на кој ќе има податоци за количините и карактеризацијата на отпадниот материјал, потенцијалните еколошки проблеми, нивоата на радиоактивност и други информации.

    Депонијата, која е дел од листата на жешките еколошки точки во земјава, се простира на површина од 70.000 квадратни метри и содржи 3,7 милиони тони фосфогипс кој е отпаден производ од индустријата за вештачки ѓубрива. Фосфогипсот, кој е со бела боја, на локацијата е депониран во периодот од 1979 до 2003 година, кога престала фабриката да работи, а оваа локација да се употребува за депонирање на отпад.

    Од Министерството за животна средина велат дека очекуваат проектот да даде одговор колку би чинело чистењето на локацијата.

    „Во рамки на проектот се земени примероци од околу 500 килограми фосфорен гипс од Велес, а нивната анализа, идентификација и валидација ќе ни помогне да го искористиме искуството на европските земји во решавањето на вакви проблеми и би било корисно за решавање на фосфорниот гипс во Велес“, велат од Министерстовото.

    Сепак, од таму нагласуваат дека депонијата, која со децении стои на отворено и незаштитена, и понатаму не е оградена, а нема ниту план да се оградува и покрај предупредувањата на експерти дека радијацијата од овој историски отпад е на границата на максималната вредност. Тоа, според професорот од Институтот за хемија на ПМФ, Трајче Стафилов, не е проблем за минувачи, но е опасно доколку некој поминува подолго време секој ден на таа локација. Испитувањата на радиоактивноста на отпадниот фосфорен гипс се направени минатата година.

    „Добро е што во околината никој не живее. Радијација од околу 500 бекерели на килограм, што е на горната дозволена граница не е проблем за некој што кратко време би поминал таму, но за подолг период постои ризик. На пример, доколку работници се ангажираат за чистење на депонијата, ќе мора да бидат преземени мерки за заштита“, вели Стафилов.

    Мета.мк повеќепати пишуваше за оваа еколошка жешка точка, за која се уште не е најдено решение. Во 2022 година, Државниот испекторат за животна средина констатираше дека на локацијата на депонијата нема табла со известување за опасност, не е поставена ограда околу депонијата, нема присуство на луѓе во околината, но има пристапен земјен пат до рамниот дел од депонијата и забележани се траги од стока на пристапниот пат до депонијата.

    Пред повеќе од една ипол деценија постоела иницијатива за извоз на отпадниот гипс во Словенија за негова преработка, но тој проект не се реализирал. Обврската за решавање на ова прашање останува на државата, односно Министерството за животна средина, со оглед на тоа дека некогашниот индустриски капацитет кој го создал отпадот фабриката за вештачки ѓубрива ХИВ, била во државна сопственост.

    Previous ArticleРеал го праќа Мастантуоно на едногодишна позајмица
    Next Article АНАЛИЗА: Во Тетово и Гостивар над 72% од вработените во јавниот сектор се Албанци, а во Арачиново 100%

    Поврзани вести

    ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ТУРИСТИЧКО КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР ВО ДЕЛЧЕВО

    03/03/2026

    Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Каропш

    03/03/2026

    Инспектор со години управувал хеликоптер со фалсификувана дозвола

    02/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ТУРИСТИЧКО КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР ВО ДЕЛЧЕВО

    Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје

    ВМФЛ-18.коло: Шкендија (А) на мегдан со „пиратите“!

    Премиера на македонскиот филм во Брисел: „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    Теренско противпожарно возило донација за ДПД Пехчево од Rotary Club Skopje West

    01/03/2026

    МНР: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

    28/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.