Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Гаши од Тирана: Заедничката посветеност на патот кон европската интеграција на собранијата на Македонија и Албанија

    Во РЕК Битола исклучен ТЕ Битола 3, денеска ќе биде вклучен ТЕ Битола 1

    Локалното новинарство под ризик: политички притисоци, економска несигурност и родова нееднаквост ја поткопуваат медиумската слобода

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Магазин»„Кој ги уби нашите деца?“ – Џамбазов ја рецитира „Крвава бајка“ на „Бубамара“ во чест на жртвите од Пулс!
    Магазин

    „Кој ги уби нашите деца?“ – Џамбазов ја рецитира „Крвава бајка“ на „Бубамара“ во чест на жртвите од Пулс!

    27/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Македонската шоу-бизнис легенда, Игор Џамбазов, синоќа ја допре публиката на 29. издание на „Златна Бубамара на популарноста“ со емотивно обраќање и почит кон младите кои загинаа во пожарот во Кочани. Тој ја рецитираше поемата „Крвава бајка“ од српската поетеса Десанка Максимовиќ, инспирирана од масакрот во Крагуевац за време на Втората светска војна, кога нацистите убија илјадници ученици и жители.

    „Беше тоа во некоја земја на селани, на брдовитиот Балкан, умреа со маченичка смрт цела чета ученици за еден ден…“ – прочита Џамбазов, а потоа го поврза трагичниот настан со пожарот во Кочани од 16 март 2025 година, кога 64 луѓе загинаа, а над 200 беа тешко повредени.

    „Кој ги уби децата од Кочани? Фашисти? Не. Ги убија наши – неодговорни луѓе. Луѓе – нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, нахранет со алчност, корупција и незнаење“, истакна Џамбазов, додека на видеобимот беше испишан насловот „Македонска крвава бајка“.

    Тој потсети и на историскиот споменик во Крагуевац, каде наставник со градите ги заштитил учениците, прашувајќи: „Како кај нас не се најде некој да го каже тоа, да ги заштитеше овие деца?“

    Во текот на церемонијата беа прикажани и фотографии од починатите членови на групата „ДНК“, како и дел од тимот на „Златна Бубамара“, вклучувајќи го и тонецот Игор Велков. Џамбазов посебно се сети на професорката по пијано и придружен вокал, Сара Пројковска: „Сара десет години на оваа сцена ми го чуваше грбот. Никогаш нема да ја заборавам“.

    Солзи и громогласни овации одекнуваа низ салата, додека присутните во молк ја доживуваа болката и споменот на трагедијата.

    Previous ArticleИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Македонија се приклучи на најголемата европска младинска спортска платформа!
    Next Article Македонците бегаат од високите цени на лекови – се почесто купуваат од овие соседни држави!

    Поврзани вести

    (Фото/Видео) Постара, похрабра и позаводлива: Ги остави сите без зборови во фустан направен од проѕирни ленти

    15/04/2026

    Вашата машина за перење ќе биде како нова – ако ја истурите оваа течност од бањата во неа

    15/04/2026

    Најтажните луѓе се родени под овие два хороскопски знаци

    14/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Гаши од Тирана: Заедничката посветеност на патот кон европската интеграција на собранијата на Македонија и Албанија

    Во РЕК Битола исклучен ТЕ Битола 3, денеска ќе биде вклучен ТЕ Битола 1

    Локалното новинарство под ризик: политички притисоци, економска несигурност и родова нееднаквост ја поткопуваат медиумската слобода

    „ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Најголемиот тренд во фризурите: Беше хит на минатиот век, сега е уште подобар

    14/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.