Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Три потези поради кои Никола Јокиќ се најде на удар во Америка (ВИДЕО)

    Израел со нови напади врз Техеран и Бејрут, откако американската амбасада во Ријад беше погодена дронови

    Доаѓа време за храбрите: Од 20 март, само малкумина ќе доживеат големи промени

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»Заради поголема безбедност: Од 1 март банките воведуваат нови правила за онлајн плаќања
    Економија

    Заради поголема безбедност: Од 1 март банките воведуваат нови правила за онлајн плаќања

    27/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Oд 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при извршувањето на плаќањата без физичко присуство, информираат од Народна банка.

    Имајќи предвид дека граѓаните и компаниите имаат сѐ поголема потреба за извршување секојдневни онлајн купопродажби, а со тоа и плаќања преку интернет, заради нивната брзина и практичност, се зголемува и потребата од повисоко ниво на безбедност.

    Дигиталните напади и обидите за злоупотреба на податоците од картичките стануваат сѐ почести, па затоа се воведува дополнителна проверка на идентитетот на лицето кое го врши плаќањето. Засилената автентикација му овозможува на клиентот на банката, при плаќање на интернет, покрај внесувањето на податоците од картичката, да даде дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката, којашто се инсталира на мобилен телефон и му овозможува безбедно да ги следи своите сметки и да одобрува плаќања. Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање на лице. Без оваа потврда, плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.

    Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежни услуги и платни системи. Таа се воведува постепено во земјава и веќе е во примена при извршувањето онлајн увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршувањето плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство. Со примената на засилената автентикација и при извршувањето на плаќањата преку интернет, од 1 март 2026 година, се заокружува процесот на усогласување со правилата и стандардите што се применуваат во Европската Унија за безбедно извршување онлајн плаќања, се вели во соопштението од НБРМ.

    Со оваа промена се зајакнува довербата во дигиталните плаќања и се унапредува заштитата на корисниците.

    Previous ArticleМакедонците бегаат од високите цени на лекови – се почесто купуваат од овие соседни држави!
    Next Article Нови цени на горивата од полноќ

    Поврзани вести

    Нови цени на горивата од полноќ

    27/02/2026

    Македонците бегаат од високите цени на лекови – се почесто купуваат од овие соседни држави!

    27/02/2026

    УБАВА ВЕСТ: Мој ДДВ се зголемува од 2100 на 4200 денари?

    26/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Три потези поради кои Никола Јокиќ се најде на удар во Америка (ВИДЕО)

    Израел со нови напади врз Техеран и Бејрут, откако американската амбасада во Ријад беше погодена дронови

    Доаѓа време за храбрите: Од 20 март, само малкумина ќе доживеат големи промени

    Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Каропш

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    Теренско противпожарно возило донација за ДПД Пехчево од Rotary Club Skopje West

    01/03/2026

    МНР: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

    28/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.