Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Три потези поради кои Никола Јокиќ се најде на удар во Америка (ВИДЕО)

    Израел со нови напади врз Техеран и Бејрут, откако американската амбасада во Ријад беше погодена дронови

    Доаѓа време за храбрите: Од 20 март, само малкумина ќе доживеат големи промени

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»„Катимерини“: Мицотакис размислува да го посети Скопје, повод активирањето на продуктоводот
    Политика

    „Катимерини“: Мицотакис размислува да го посети Скопје, повод активирањето на продуктоводот

    01/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Според весникот, во следниот период ќе се донесе одлука дали грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ја посети земјава.

    Во текстот под наслов „Предлози за посета на Скопје“, „Катимерини“ пишува дека размислувањата се по повод „неодамнешниот договор на Хеленик енерџи со Владата на Македонија за активирање на стариот нафтовод долг 213 километри, што ги поврзува Солун и Скопје и не се користи од 2013 година“ и додава дека преку продуктоводот ќе се транспортираат нафтени деривати (главно дизел), а можеби и други горива, од рафинеријата во Солун.

    „Активирањето ја зголемува енергетската безбедност на Северна Македонија преку енергетската зависност од Грција, што се смета за враќање кон една стара догма на надворешната политика за економско продирање на Балканот. Доколку сепак се реализира патувањето, одлуката ќе биде донесена во следниот период“, пишува „Катимерини“.

    Доколку посетата навистина се реализира, тоа ќе биде прва на Мицотакис на нашата земја и втора посета на грчки премиер на Скопје во последните седум години.

    Во вторникот, Министерството за енергетика соопшти дека продуктоводот, преку кој ќе се транспортира дизел-гориво од Рафинеријата во Солун до рафинеријата „Окта“ во Скопје, по 13 години, повторно се става во употреба и дека се извршени сите потребни проверки за функционалност на системот, а м министерката Сања Божиновска посочи дека „ова е значаен чекор кон воспоставување сигурен и модерен систем за снабдување со деривати“, а прецизното мерење, контролата и меѓународната верификација „значат доверба, стабилност и долгорочна енергетска сигурност за државата“.

    Продуктоводот, пуштен во функција во 2002 година за пренос на сурова нафта, по 2013 година беше предмет на инвестиции за негова пренамена во инфраструктура за транспорт на дизел-гориво.

    Станува збор за систем во должина од 213,5 километри. Инфраструктурата располага со 15 блок-вентил станици за подобрено управување и високо ниво на безбедност, складишни капацитети од 80.000 м3 во Грција и 30.000 м3 во Северна Македонија, како и современ СКАДА-систем за следење притисок, температура и проток во реално време, што гарантира долгорочна сигурност и ефикасност.

    МИА

    Previous ArticleКлиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија се споија во една установа
    Next Article Филипче го поддржа нападот врз Иран и им порача на САД дека и во Македонија има авторитативен режим

    Поврзани вести

    Димитриевски: Груби требаше да оди таму каде што е пропишано – во истражниот затвор Шуто Оризари

    02/03/2026

    Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна, нема зошто да се грижиме во моментов

    01/03/2026

    Лидерот на ДУИ, Ахмети изрази целосна солидарност со Соединетите Американски Држави

    01/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Три потези поради кои Никола Јокиќ се најде на удар во Америка (ВИДЕО)

    Израел со нови напади врз Техеран и Бејрут, откако американската амбасада во Ријад беше погодена дронови

    Доаѓа време за храбрите: Од 20 март, само малкумина ќе доживеат големи промени

    Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Каропш

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    Теренско противпожарно возило донација за ДПД Пехчево од Rotary Club Skopje West

    01/03/2026

    МНР: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

    28/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.