Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Финална вечер на Работничките спортски игри 2026 во спортската сала „Македонски бранители“

    Делчево доби донација од нови контејнери и канти за електронски и електричен отпад

    Општина Пехчево во соработка со Јавните и општинските претпријатија започна уредување на шумските патишта и чистење и перење на улиците во градот.

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Адмир Шабани и Дритон Сулејмани избрани во Собранието за заменик-министер за одбрана и заменик-министер за образование
    Политика

    Адмир Шабани и Дритон Сулејмани избрани во Собранието за заменик-министер за одбрана и заменик-министер за образование

    04/03/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, образложувајќи ги предлозите, истакна дека изборот на двајца заменик-министри е решение кое не е само кадровска одлука, туку дел од поширокиот процес на зајакнување на институциите, на враќање на довербата во државата и на градење систем што работи во интерес на граѓаните.

    „Нашата обврска како Влада е да поставиме луѓе што имаат знаење, интегритет и чувство за државна одговорност. Луѓе што ќе работат посветено, професионално и чесно, во служба на државата и на сите граѓани“, рече Мицкоски.

    Мицкоски во дебатата одговори на обвинувањата на Халил Снопче од Алијансата за Албанците, кој го критикува предлогот за заменик-министри, но и работата на Владата.

    „Народот ви даде кредит и вие треба да ги исполните ветувањата“, рече Снопче искажувајќи забелешки за реализацијата на програмата на владејачките партии. Пратеникот рече дека никогаш претходно потрошувачката кошничка не била поскапа, како и енергијата, дека нема напредок во правосудството и меѓу другото, зборуваше и за меѓуетничките односи, криминалот и корупцијата.

    Во делот на криминалот, Мицкоски потсети на директорот на Геријатрија во Ѓорче Петров, висок функционер на АА, кој беше осуден и се богател на грбот на пациентите, но исто така се наврати и, како што рече, на „Ѓока и катната гаража“.

    „За жал, ние таков тип на политика не водиме. Во врска со неколкуте работи што ги кажавте како невистини: на Транспаренси интернешнл пораснавме четири места, не паднавме 11 места, а в година јас ви давам збор од овде дека растот на Транспаренси интернешнл ќе биде двоцифрен, односно борбата против криминалот ќе биде поголема“, рече премиерот.

    Во делот на демографијата, тој посочи на бројки за враќање на македонското државјанство во изминатите години.

    „Поврат во македонско државјанство во 2023 – 313 случаи, 2024 – 498, 2025 – 809. Отпуст од македонско државјанство 2023 – 1.243, 2024 – 944, во 2025 – 599“, рече Мицкоски.

    Одговарајќи на обвинувањата во делот на потрошувачката кошничка, премиерот пушти тонски запис, каде што учествувал, како што рече, „авторот на синдикалната минимална кошничка“.

    „Ова е авторот на т.н. синдикална минимална кошничка, кој вели дека не е минимална, туку е просечна“, рече Мицкоски.

    Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, го критикува изборот на Шабани и на Сулејмани посочувајќи дека се работи за политичка одлука на Владата, која го фаворизира партискиот интерес наместо стручноста.

    Таа посочи на фактот дека образованието во Македонија го живее периодот на најголема неизвесност во последната деценија. Се прават реформи без јавни расправи, во партиски кругови, а отсуството на транспарентност оди дотаму што се кријат имињата на тимовите што ги предлагаат реформските мерки.

    „Во ваков момент, кога јавноста укажува, а министерката е една од најслабите алки во Владата, очекувавме дека заменик-министерот ќе биде лице со докажана експертиза во образовните политики, со солидни искуства и со јасна визија, но неговата работна биографија на две страници не го потврдува тоа. Напротив, тие две страници се сосема доволни да се потврди неговата некомпетентност за позицијата што му се доверува“, истакна Николова.

    Taa посочи дека одбраната е стратешки ресор, кој бара професионалност, доверба и лидерство, а предложениот заменик-министер за одбрана има комуникациски вештини, што не е доволна квалификација за позиција што директно влијае на националната безбедност.

    „Одбраната е стратешки ресор, кој бара професионалност, доверба и лидерство. Предложениот заменик-министер за одбрана како поранешен портпарол на изборната комисија, веројатно има комуникациски вештини, но тоа не е и не смее да биде главната квалификација за позицијата што директно влијае на нашата безбедност. Со тоа само уште еднаш се потврдува дека оваа Влада нема намера да направи нешто добро за државата или функционален систем, приоритет е да ги задоволи коалициските потреби и ништо повеќе од тоа. Живееме во време на најсериозна безбедносна нестабилност во Европа по Втората светска војна. Живееме во услови на војна на европскиот континент, зголемени геополитички тензии, хибридни влијанија и растечки глобални предизвици“, рече пратеничката.

    Таа смета дека предложените кадровски решенија ги потврдуваат партизацијата и некомпетентноста, при што приоритет се коалициските калкулации, а не стручноста.

    За Шабани и за Сулејмани зборуваа пратеничките на Беса, Мимоза Муса и Имрлије Салиу-Фетаи, кои сметаат дека тие се професионалци што со своите квалификации ќе дадат придонес во овие сектори.

    На почетокот на седницата беше усвоен дневниот ред, а пратениците ја изгласаа потребата за носење на законите за градење и за градежно земјиште, по скратена постапка. По усвојувањето на дневниот ред, следуваа опозоциските прашања. По гласањето за заменик-министрите, седницата беше прекината, а продолжението ќе биде дополнително закажано. 

     

    Previous ArticleПрв критериум на Законот за правична застапеност – стручноста и компетентноста, наскоро во Собрание
    Next Article Скопјанец осомничен за ширење содржини на социјални мрежи што поттикнувале омраза кон македонската држава и идентитет

    Поврзани вести

    Прв критериум на Законот за правична застапеност – стручноста и компетентноста, наскоро во Собрание

    04/03/2026

    Мицкоски: Реформскиот процес е одговорност, фокус на практични и одржливи политики

    03/03/2026

    Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила

    03/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Финална вечер на Работничките спортски игри 2026 во спортската сала „Македонски бранители“

    Делчево доби донација од нови контејнери и канти за електронски и електричен отпад

    Општина Пехчево во соработка со Јавните и општинските претпријатија започна уредување на шумските патишта и чистење и перење на улиците во градот.

    Извршен увид во реконструкцијата на Спомен-домот на Разловечкото востание во Разловци

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    Теренско противпожарно возило донација за ДПД Пехчево од Rotary Club Skopje West

    01/03/2026

    МНР: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

    28/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.