Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, изврши увид во обнова на историски значаен објект
Денес, градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, заедно со директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево, Златко Начовски, претставници од НКЦ Скопје и изведувачот на градежните активности, извршија увид во реконструкцијата и целосната обнова на Спомен-домот на Разловечкото востание во село Разловци.
Станува збор за капитален проект од исклучително историско и културно значење, не само за Разловци и Делчево, туку и за цела Македонија. Спомен-домот е симбол на борбата, достоинството и стремежот кон слобода, а обврска на сите е да се зачува и унапреди за идните генерации.
„Она што го видовме на терен ни дава дополнителна сигурност дека работите се одвиваат во вистинска насока. Зборот на премиерот Христијан Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се претвора во конкретни дела“, истакна Гоцевски.
Посебно радува што кај жителите на Разловци веќе се гледаат насмевки и задоволство, бидејќи овој значаен објект конечно ќе биде целосно обновен, достоинствен и функционален.
Гоцевски потенцира дека посветената, одговорна работа продолжува, со почит кон историското наследство на Македонија.
