Денес ќе се одиграат натпреварите за трето место и големото финале, по што ќе следува заеднички коктел за сите учесници
Финалната вечер во рамки на Работничките спортски игри 2026 година ќе се одржи денес, 05 март 2026 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, во спортската сала „Македонски бранители“.
Програмата започнува со натпреварот за третото место, кој ќе се игра од 19:00 часот, а на теренот ќе се сретнат екипите Образование и Роми.
Големото финале, односно натпреварот за првото и второто место, ќе започне во 19:45 часот. За шампионската титула ќе се борат екипите АРМ и Приватни фирми угостители.
Финалните натпревари ќе се играат во две полувремиња од по 15 минути, што ветува динамична и неизвесна спортска вечер.
По завршувањето на натпреварите, со почеток во 20:30 часот, за сите натпреварувачи и учесници на Работничките спортски игри 2026 е предвиден пригоден коктел во ресторанот „Мис-Стон“ во село Смојмирово.
Организаторите ги покануваат љубителите на спортот да присуствуваат и да ги поддржат екипите во борбата за медали, во духот на фер-плеј и спортско пријателство.


