Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Божиновска: Гласот на Македонија да биде присутен во обликувањето на европските климатски приоритети

    Ковачев: Скопје нема причина да се жали во ЕУ за случајот со Ива Михаилова, јас веќе кажав

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сали: Испораката на реформите е клучна за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ
    Политика

    Сали: Испораката на реформите е клучна за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ

    05/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што соопшти МЕП, на состанокот учествуваа претставници на Владата, амбасадори на земји членки на ЕУ, претставници на Европската Унија, како и партнери од системот на Обединетите Нации, вклучително и Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС).

    Министерот Сали во обраќањето нагласи дека европската интеграција останува највисок стратешки приоритет на Македонија и дека по завршувањето на скрининг-процесот, фокусот се насочува кон конкретна имплементација на реформите.

    „Сега влегуваме во одлучувачка фаза – од идентификување на празнините преминуваме кон нивно затворање. Тоа бара силен институционален капацитет, координација и дисциплинирана имплементација. Реформската агенда треба да се разбере не само како политичка рамка, туку како оперативна програма за реализација, при што клучни се јасните приоритети, реалните рокови и ефективната меѓуинституционална координација“, истакна Сали.

    Министерот ја нагласи и важноста од партнерството со меѓународните организации и имплементациските партнери, како што е УНОПС, кои помагаат политичките обврски да се претворат во конкретни резултати преку техничка експертиза, поддршка во управувањето со проекти и транспарентна имплементација.

    „Заедничката цел останува јасна – целосно членство на Македонија во Европската Унија. За да го постигнеме тоа, потребни се доследност, кредибилитет и резултати“, порача Сали.

    МЕП информира дека на состанокот беше направен преглед на досегашниот напредок на проектот, како и на планираните активности во наредниот период, со цел натамошно зајакнување на институционалната подготвеност и координацијата на реформските процеси.

     

    Previous ArticleКривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување
    Next Article Трамп смета дека САД треба да учествуваат во изборот на лидер во Иран

    Поврзани вести

    Ковачев: Скопје нема причина да се жали во ЕУ за случајот со Ива Михаилова, јас веќе кажав

    13/10/2026

    Амандманска расправа за измените на Законот за животна средина, екологистите реагираат

    13/10/2026

    МНР за случајот Михајлова: Од Бугарија очекуваме постапување во согласност со европските принципи

    12/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Божиновска: Гласот на Македонија да биде присутен во обликувањето на европските климатски приоритети

    Ковачев: Скопје нема причина да се жали во ЕУ за случајот со Ива Михаилова, јас веќе кажав

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    Глоба од 45 евра ако немате зимска опрема: Што треба да подготват возачите?

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.