Во салата на Советот на Општина Берово денеска се одржа конститутивна седница на Општинскиот совет за социјална заштита, на која присуствуваа претставници од повеќе институции и организации што работат во областа на социјалната грижа.
На седницата учествуваа претставници од општинската администрација, Домот за стари лица, образовните институции, Центарот за социјална работа, Агенцијата за вработување, Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство, Црвениот крст, како и претставници на верските заедници.
-За претседател на Општинскиот совет за социјална заштита едногласно беше избрана Биљана Марковска, раководител на Одделението за јавни дејности при Општина Берово. На состанокот се разговараше и за планираните активности и мерки предвидени со Програмата за социјална заштита на Општина Берово, со цел подобрување на поддршката и грижата за граѓаните на кои им е потребна, информираа од Општината.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Берово, Петар Ружински.
-Општинскиот совет за социјална заштита ќе работи на координација и унапредување на социјалните политики и активности во општината, со цел создавање подобри услови и поголема грижа за сите категории граѓани, додаде Ружински.
Како што беше истакнато на седницата, заедничката соработка меѓу институциите е клучна за градење посилна и похумана заедница.

