Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»ОКТА даде попуст, Мицкоски очекува намалување на цените на горивата за 2,5 денари по литар
    Македонија

    ОКТА даде попуст, Мицкоски очекува намалување на цените на горивата за 2,5 денари по литар

    13/03/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува намалување на цената на нафтените деривати за околу 2,5 денари по литар, по најавата од „ОКТА“ дека на компаниите со кои соработува ќе им понуди попуст.

    „ОКТА од денеска им понуди на компаниите кои набавуваат од неа попуст од околу 45 до 50 долари по тон нафта. Тоа би значело намалување околу 2,5 денари по литар. Разговарав и со голем дел од сопственици на бензински пумпи кои се обврзаа да го пренесат намалувањето на крајните корисници. Бидејќи регулаторна ја одредува највисоката цена, очекувам откако ова ќе биде објавено, во текот на денот, за околу 2,5 денари по литар бидат намалени нафтата и нафтените деривати“, рече Мицкоски.

    Тој направи споредба со цените на горивата во регионот и нагласи дека Македонија ќе има најниски цени. Според него, кај нас еден литар дизел кај нас би се продавал за 1,35 евра, а во соседството на пример, во Србија и Албанија е 1,80 евра, во Косово е 1,5 евра, додека во земјите од Европската Унија над две евра.

    ОКТА  денеска објави дека од денеска до крајот на овој месец ќе обезбеди попуст од 2 денари
    по литар дизел и бензини, за трговците кои набавуваат горива од компанијата, со што ќе им овозможи им дополнителна флексибилност оваа поддршка да ја рефлектираат во цените што им ги нудат на своите потрошувачи.

    „Трговците на големо и мало и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат своите продажни цени, во согласност со сопствените комерцијални политики и пазарните услови. Врз основа на очекуваните количини на горива кои треба се пласираат на домашниот пазар до крајот на овој
    месец, оваа иницијатива претставува вкупен придонес за поддршка на пазарот од страна на ОКТА во износ од околу 2 милиони евра. Тоа ја одразува посветеноста на компанијата кон сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и ублажување на тековните пазарни притисоци“, посочуваат од компанијата.

    Одлуката, велат од ОКТА е донесена по успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот ВАРДАКС, што дополнително го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата.

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го поздрави овој чекор, и посочи дека очекуваме и компаниите кои работат во малопродажба да го следат овој пример и попустот да се рефлектира и во цените што ги плаќаат граѓаните.

    Таа информира дека минатата недела во Владата се одржа координациски состанокна кој беше констатирано дека компаниите располагаат со обезбедени залихи и стабилен увоз на горива. Врз основа на состојбите на светските пазари и глобалните настани кои влијаат врз цените на
    горивата, Владата ќе разгледа и други механизми што ѝ стојат на располагање за заштита на граѓаните, како корекции на даночните стапки, како намалување на ДДВ за горивата, како и прилагодување на акцизите, возависност од движењата на светските цени.

    Previous ArticleКривична пријава за екс директор на Комунална хигиена, склучувал фиктивни договори
    Next Article Oбвинение за Стојанче Јовановски за кривично дело „наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“

    Поврзани вести

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.