Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Ребаланс на буџетот на Скопје, ќе се гради кружен тек кај Народна банка
    Македонија

    Ребаланс на буџетот на Скопје, ќе се гради кружен тек кај Народна банка

    12/03/20261 Min Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Градот Скопје ќе гради нов кружен тек во близина на Народната банка, катни гаражи во Клиничкиот центар и фотоволтаици на училиштата. Средствата за овие инвестиции ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот кој денеска доби зелено светло од Советот на Скопје.

    Градските власти информираат дека средствата во буџетот се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции. Со ребалансот е предвидена изградба на нов кружен тек во близина на Народната банка за да се подобри сообраќајната проточност на една од најоптоварените сообраќајни точки во градот.

    Паралелно, Градот Скопје ќе започне и со изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Проектот предвидува околу 500 нови паркинг места и инвестиција од околу три милиони евра, со што се очекува значително да се намали долгогодишниот проблем со паркирањето во клиничкиот комплекс.

    Ребалансот предвидува и инвестиции во образованието, преку поставување топлотни пумпи во училиштата со што ќе се елиминира греењето на нафта, како и поставување фотоволтаици, санација на училишни дворови и нова урбана опрема.

    Previous ArticleЛекарска комора: 78 отсто од докторите биле изложени на насилство на работно место
    Next Article Доживотен затвор за 19 лица за терористичкиот напад на концерт во Москва

    Поврзани вести

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    30/05/2026

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    30/05/2026

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    30/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    НАЈЧИТАНИ

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    30/05/2026

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.