Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Гаши од Тирана: Заедничката посветеност на патот кон европската интеграција на собранијата на Македонија и Албанија

    Во РЕК Битола исклучен ТЕ Битола 3, денеска ќе биде вклучен ТЕ Битола 1

    Локалното новинарство под ризик: политички притисоци, економска несигурност и родова нееднаквост ја поткопуваат медиумската слобода

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Силвана Димитриевска  – добитничка на годишната награда „Македонска книжевна авангарда“
    Култура

    Силвана Димитриевска  – добитничка на годишната награда „Македонска книжевна авангарда“

    18/03/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Годинешна добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда”, што ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје, е Силвана Димитриевска за нејзиното поетско творештво.

    Силвана Димитриевска е родена 1981 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје на Катедрата за Општа и компаративна книжевност со македонски јазик, а подоцна ја завршила и Едногодишната школа за новинари при МИМ (Македонски Институт за Медиуми). Била координатор на литературниот кружок „Мугри“ и уредник на истоимениот поетски алманах. Организатор е на повеќе поетски читања и промоции. Застапена е во Антологијата на поновата македонска поезија за млади Пурпурни извори од Сузана В. Спасовска, антологијата Сто без една песна, приредена од Светлана Христова Јоциќ, зборникот на поезија и кратка проза на млади од поранешните југословенски простори Рукописи 30, антологија на млади од поранешните југословенски простори Ван кутије, избор на современа македонска поезија Сарајевске свеске, текст „Антологија на современа македонска поезија“ објавен во хрватското литературно списание Могућности и други. Пишува поезија, кратка проза, есеи и хаику стихови објавени во првото македонско хаику списание Мравка. Автор е на антологијата Ангели со пет крилја, издадена во рамки на Струшките вечери на поезијата. Се јавува како рецензент на неколку збирки поезија од млади, но и од веќе реномирани автори. Добитник е на втората и третата награда „Блаже Конески“ за научен есеј. За својата прва збирка поезија Ти што излезе од песна добитник е на наградата „Ацо Караманов“. Застапена е во Зборникот на кратки книжевни форми на Институтот ИНАКУ. За својот расказ „Здолниште од пеперутки“ добитник е на првата награда на конкурсот „Раскажувам фотографија 2021“ распишан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. За расказот „Вода“ е добитник на откупна награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ во 2022 година. Добитник е на третата награда на меѓународниот поетски фестивал „Бдеење на Кокински мугри 2022“ и на втората награда на истиот поетски фестивал за 2023 година. Во 2023 година на меѓународниот поетски фестивал за поезија за деца „Стихувалки“ е добитник на втората награда. Во 2023 година на меѓународниот поетски фестивал “Литературни искри 2023“ е исто така добитник на втората награда, а на истиот поетски фестивал во 2024 година е повторно добитник на втората награда. Во 2023 година е прогласена за еден од лауреатите на престижната светска награда за поезија „Наџи Нааман“ и прогласена е за почесен член на истоимената Академија за култура во Либан. Во 2023 година е добитник на третата награда за поезија на меѓународниот поетски фестивал „Тафил Келменди“ во Косово. Во 2024 и 2025 година е двапати добитник на третата награда на меѓународниот поетски фестивали „Антево слово“. Во 2024 година е добитник на признание од Академијата за уметност, литература и филозофија „Луциус Анај Сенека“ од Италија, а во 2025 година од истата Академија е добитник на престижната академска награда за литература „Сенека“ во делот на интернационална извонредност.

    „Македонска книжевна авангарда” претставува македонска литературна награда за ново авангардно книжевно творештво. Досегашните добитници се петнаесетина претставници на најновото, најмладото, најавангардното, најексперименталното и најистражувачкото во современата македонска литература. Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент” од Скопје, а се доделува за иновативна, експериментална и креативна, односно најдобра книга објавена од млад автор.

    Досегашни добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда“ се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски, Ана Бунтеска, Бистра Илин Шеќеровски, Даниела Андоновска – Трајковска, Митко Гогов, Габриела Стојаноска – Станоеска, Славица Гаџова Свидерска, Бистра Кумбароска, Огнен Неделковски, Марија Ралповска, Ана Стојаноска и Славица Урумова Марковска.

    Previous ArticleВинисиус повторно направи хаос со потег: Провоцираше после голот, целиот стадион полуде (ВИДЕО)
    Next Article Украина се соочува со недостиг на ракети поради војната на Блискиот Исток, вели Зеленски

    Поврзани вести

    „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“

    14/04/2026

    МНТ со двојна победа: Првенците Тони Михајловски и Тања Кочовска наградени во ист ден на два фестивали

    09/04/2026

    Објавена програмата на Скопскиот поетски фестивал, ќе има стотина поети од земјава и од странство

    09/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Гаши од Тирана: Заедничката посветеност на патот кон европската интеграција на собранијата на Македонија и Албанија

    Во РЕК Битола исклучен ТЕ Битола 3, денеска ќе биде вклучен ТЕ Битола 1

    Локалното новинарство под ризик: политички притисоци, економска несигурност и родова нееднаквост ја поткопуваат медиумската слобода

    „ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Најголемиот тренд во фризурите: Беше хит на минатиот век, сега е уште подобар

    14/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.