Настанот се одржа во кафе бар ” Ким”, продолжувајќи ја долгогодишната подршка на кампањата ” Плати кафе со поезија” која има за цел да ја доближи поезијата до пошироката јавност и да ја поттикне креативноста кај ј младите. Во воведниот дел директорката на библиотеката го истакна значењето на одбележувањето на 21 Март нагласувајќи дека овој ден е прогласен за Светски ден на поезијата во 1999 година од страна на УНЕСКО во Париз, со цел да се промовира читањето, пишувањето и објавувањето на поезија низ цел свет. Во рамките на активноста учениците и возрасните имаа можност да ја изразат својата креативност преку пишување на темите ” Љубов” и ” Пролет” создавајќи искрени и инспиративни стихови кои ја отсликуваат нивната емоционална и уметничка зрелост.
По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата ОУМБ ” Кочо Рацин” организираше пригоден настан во соработка со Локалниот младински совет и возрасните читатели
1 Min Read
Поврзани вести
Најнови информации
Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.
© 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.

