Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Македонија за една декада ја намалила смртноста на новороденчињата за 87 отсто
    Македонија

    Македонија за една декада ја намалила смртноста на новороденчињата за 87 отсто

    19/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Македонија напредувала во намалувањето на смртноста кај новороденчињата и децата до петгодишна возраст во текот на изминатата деценија, што ја позиционира меѓу најдобрите во светот во остварувањето на Целта за одржлив развој.

    Денеска, Светската здравствена организација (СЗО), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) го поздравија напредокот на земјата и посочија дека промената доаѓа во време кога глобалните достигнувања се значително забавени, а секоја година има милиони смртни случаи на деца што можеле да се спречат.

    „Од 2015 година, Македонија постигна најголемо подобрување кај преживувањето на децата во светот, намалувајќи ја неонаталната смртност за 87 проценти и смртноста кај децата под пет години за 75 проценти. Овие резултати се одраз на трансформацијата на грижата за мајките и новороденчињата, то се случи по скокот на смртни случаи кај новороденчињата во 2015 година, Министерството за здравство – поддржано од СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА – брзо ги зајакна услугите за итна акушерска и неонатална грижа, ги ажурираше клиничките протоколи, ги подобри практиките за неонатална реанимација и превенција на инфекции, ги унапреди системите за упатување и ја зајакна стручната грижа при породување“, посочуваат од организациите.

    Одржувањето на постигнатиот напредок ќе бара постојан фокус врз квалитетот, правичноста и отпорноста на системот – обезбедување високи стандарди на грижа во сите установи, зајакнување на континуитетот на грижата од бременоста до раното детство, намалување на нееднаквоста за ранливите групи, поддршка на квалификувана здравствена работна сила, и користење податоци и ревизии за да се поттикне континуирано подобрување. Заштитата на семејствата од финансиски бариери и обезбедувањето универзален пристап до основни здравствени услуги за мајките и децата ќе останат од суштинска важност.

    Previous ArticleСтарите јаболка не се за ѓубре: Едноставни трикови што ги претвораат во здрава суперхрана
    Next Article Лиса Кудроу ги откри последиците од ботоксот: „Завршив со тоа“

    Поврзани вести

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.