Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Источна Македонија се гради само под влада на ВМРО ДПМНЕ. Ова е новиот проект

    Kомичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ на сцената на Националната опера и балет на 3 април

    Николов: Сите веруваме и дојдовме тука со таа цел – нема да се предадеме!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Дискусија „Стратешките одговори на Европа кон глобална Кина и влијанието врз Северна Македонија“: Вистинскиот инвеститор е Европа не Кина
    Македонија

    Дискусија „Стратешките одговори на Европа кон глобална Кина и влијанието врз Северна Македонија“: Вистинскиот инвеститор е Европа не Кина

    21/03/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Земјите од Европа треба постепено да ја намалат зависноста од Кина, без целосно да ја прекинат соработката. Тоа значи да работат со повеќе партнери, да го развиваат домашното производство и да воведат јасни правила за безбедност и транспарентност. За Македонија ова е особено важно за напредок кон европскиот пат, бидејќи треба да се усогласи со европските правила како контрола на инвестиции, заштита на податоци и надзор на важни сектори, со цел да изгради посилна и посигурна економија.

    Ова беа дел од пораките од денешната меѓународна панел-дискусија на тема „Стратешките одговори на Европа кон глобална Кина и влијанието врз Северна Македонија“, која се одржа во просториите на Делегацијата на Европската унија, во организација на ЕСТИМА, и на едно место собра експерти, пратеници, дипломати и претставници на граѓанското општество кои дискутираа за растечкото глобално влијание на Кина и потребата од координиран и стратешки пристап на национално и европско ниво.

    Панелисти беа Миријам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент, Јустина Шчудлик, заменик раководителка за истражување и аналитичарка за Кина во Полскиот институт за меѓународни прашања, Бен Нупнау, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, како и Фатмир Битиќи, пратеник во македонското собрание и копретседавач на Интерпарламентарната алијанса за Кина. Настанот го отвори Ана Крстиновска, извршна директорка на ЕСТИМА.

    Миријам Лексман пратеничка во Европскиот парламент во своето излагање се фокусираше на растечките ризици од економската и политичката зависност од Кина, нагласувајќи дека Европа и земјите како Македонија мора навремено да извлечат поуки од зависноста од Русија. Таа истакна дека кинеските компании не функционираат како класични приватни субјекти, туку се тесно поврзани со државата, што носи дополнителни безбедносни, економски и демократски предизвици.

    „Нашата зависност од Кина е економски ризик, оваа зависност ако не се справиме со неа ќе заврши со повеќе последици, од морален и безбедносен аспект “, изјави таа.

    Јустина Шчудлик заменик раководителка за истражување и аналитичарка за Кина во Полскиот институт за меѓународни прашања, го истакна контрадикторниот карактер на глобалните амбиции на Кина. Таа нагласи дека Кина од една страна сака да се врати како супер сила , но од друга страна, има несигурност и страв кај лидерите бидејќи заедно со Русија, е исплашена дека земјите од Западот можат да го уништат овој нивен авторитарен режим.

    Шчудлик посочи дека ова има директни безбедносни последици за регионот, бидејќи „Кина ја поддржува Русија и овозможува продолжување на војната во Украина.“ Таа исто така предупреди на економските ризици: „Кина извезува, а ние само увезуваме… Ова има влијание врз нашите фабрики и производство. И луѓето губат работни места, но доколку решат да ги кренат цените ние ќе неме повеќе фабрики каде да ги произведеме овие добра “, додаде таа.

    Фатмир Битиќи пратеник во македонското собрание и копретседавач на Интерпарламентарната алијанса за Кина истакна дека, иако Кина често се прикажува како голем економски фактор во Македонија, реалните бројки покажуваат сосема поинаква слика, а нашиот однос со Кина е далеку од еднаков. Нема економски баланс, увезуваме многу, а ништо не извезуваме. Тој нагласи дека вистинскиот инвеститор во Македонија е Европа, која има огромна предност во споредба со Кина.

    Битиќи предупреди дека присуството на Кина во регионот, особено низ инфраструктурни проекти, не е само економско, туку и стратешко влијание.

    „Кинескиот автопат Кичево – Охрид никој не знае кога ќе се изгради. Градењето ќе заврши кога Кина ќе реши, кога ќе најде некоја друга критична инфраструктура во која има интерес и можност да влезе и да остане како влијание во земјата. До тогаш нема да се направи“, изјави тој.

    Бен Нупнау заменик шеф на Делегацијата на ЕУ нагласи дека за градење на резилиентност, Македонија треба да се фокусира на медиумите и дигиталната сфера како критичен дел од националната инфраструктура.

    „Дигитализацијата и медиумите треба да се мониторираат, да се обезбеди транспарентност на податоците, особено на платформи како ТикТок, и да се следи сопственоста на медиумите за да се спречи инфилтрирање на влијанија кои не се во согласност со демократските стандарди “, рече Нупнау.

    Тој истакна дека клучна улога во ова играат регулативата и законските алатки на ЕУ. Нагласи дека скрининг на инвестиции, регулативи за дигитални сервиси и други легални механизми се неопходни за да се заштити медиумската слобода и да се обезбеди транспарентно функционирање на пазарот. Според него, Македонија не е обврзана да се потпира на кинески инвестиции и може да користи Европски алтернативи.

    Previous ArticleДиректорот на инспекторатот за земјоделство, Васе Анакиев доби 30-дневен притвор како осомничен за примање поткуп
    Next Article Флорентино Перез го одобри доаѓањето на „ѕверот“ од 160 милиони евра!

    Поврзани вести

    Владата го намали ДДВ на горивата од 18 на 10 отсто, Мицкоски очекува цената на бензинот да остане иста, а дизелот да поскапи најмногу за 3,5 денари

    22/03/2026

    Дал пари за возачка дозвола, откако не ја добил, пријавил во полиција дека е измамен

    22/03/2026

    Забранет увоз на говедско од Парагвај и ореви од Казахстан, биле небезбедни за употреба

    22/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Источна Македонија се гради само под влада на ВМРО ДПМНЕ. Ова е новиот проект

    Kомичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ на сцената на Националната опера и балет на 3 април

    Николов: Сите веруваме и дојдовме тука со таа цел – нема да се предадеме!

    Администрацијата на Трамп денес започна со распоредување на агенти од имиграциската и царинска служба на аеродромите во САД

    НАЈЧИТАНИ

    По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата ОУМБ ” Кочо Рацин” организираше пригоден настан во соработка со Локалниот младински совет и возрасните читатели

    18/03/2026

    МВР вечерва апси актуелен директор, примал мито

    19/03/2026

    Во просториите на Општина Берово, денеска, се одржа координативна средба со претставници на сите релевантни институции и организации, вклучени во системот за превенција и справување со шумски пожари.

    18/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.