Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Прва самостојна изложба на Стефан Златев на 25 март во Сули – ан
    Култура

    Прва самостојна изложба на Стефан Златев на 25 март во Сули – ан

    24/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ на Факултетот за ликовни уметности во Сули-ан, во Старата скопска чаршија, на 25 март, во 19:30 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба на Стефан Златев. На неа ќе се претстави со дела преку кои визуелно го истражува односот на човекот кон природата, попрецизно кон малите форми на живот.

    Со суптилна еколошка рефлексија, преку насловот „Симбиоза“ што го позајмува од биологијата, тој нè потсетува на сложената меѓузависност на природните механизми кои се клучни за опстанокот на човекот.

    Стефан Златев дипломирал графика и графички дизајн во 2023 г., на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Мирко Вујисиќ. Учествувал на неколку групни изложби, со свои илустрации е застапен во книгата „Историја на човештвото“ од Џани Родари, а негови дела се корици на неколку поетски книги на Виолета Танчева-Златева.

    Во визуелниот простор на Златев науката е почетна инспирација, која тој визуелно ни ја раскажува со употреба на декоративна естетика, надополнета со внимателна графичка цртачка дисциплина. Како што истакнува проф.

    Ладислав Цветковски во текстот за каталогот, „преку спојот на традиционалната и дигиталната технологија, Стефан Златев создава композиции што ги дефинира како ‘организиран хаос’, во кои преку мешањето на изразните можности на употребените изразни средства и преку формите и линиите создава чувство на динамика, но истовремено и на хармонија. Таа негова прецизност и грижливиот пристап кон цртежот нè упатуваат на неговата блискост со класичната дисциплина на графичката техника, надополнета со употреба на дигитални алатки кои ги третира како ‘адитив’ преку кој го заокружува својот визуелен концепт.“

    Златев индиректно се зафаќа и со прашањето дали илустрацијата, без дополнително да се интервенира за да се задоволат одредени „етаблирани“ очекувања, може да опстане самостојно како автономно визуелно дело. Тој се обидува да ги надмине границите меѓу илустрацијата и ликовното уметничко изразување, сакајќи наративниот карактер на применетата уметност да го сплоти со визуелниот систем на ликовната уметност и да создаде симбиоза која ќе резултира во негов автохтон визуелен систем, кој ќе му овозможи да комуницира со гледачот.

    Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам, а ќе биде отворена до 31 март.

    Previous ArticleКомјунити Шилд нема да се игра на „Вембли“, се сели во Велс
    Next Article (Видео) Сите зборуваат за драстичната промена на изгледот на Леонардо Дикаприо: „Повторно е секси“

    Поврзани вести

    МНТ со двојна победа: Првенците Тони Михајловски и Тања Кочовска наградени во ист ден на два фестивали

    09/04/2026

    Објавена програмата на Скопскиот поетски фестивал, ќе има стотина поети од земјава и од странство

    09/04/2026

    Бесплатна проекција на филмот „Тетовирање“ во Драчево

    07/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.