Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Тошковски: Професионални, а не етнички критериуми се основата на новата систематизација во МВР
    Политика

    Тошковски: Професионални, а не етнички критериуми се основата на новата систематизација во МВР

    24/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Тошковски истакна дека новата систематизација произлегува од усвоените закони за внатрешни работи и за полиција, кои налагаат реорганизација во согласност со новите законски правила.

    „Клучната измена е значително намалување на бројот на раководни позиции, началници, заменици, помошници. Првичните процени се дека раководната структура се намалува за над 30 проценти, мислам дека точната бројка е 37-38 отсто. Повеќе нема да имаме функции само за да постојат, туку конкретни позиции со јасни одговорности и стандарди“, истакна министерот.

    Тој нагласи дека систематизацијата, како и законите и подзаконските акти, немаат етнички предзнак и дека сите што ги исполнуваат критериумите: образование, искуство, постигнувања и професионални способности, ќе може да конкурираат за раководните места.

    „Лично познавам голем број професионалци Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, секако и Македонци, кои може да бидат дел од идната раководна структура. Убеден сум дека ќе има претставници од сите заедници, кои ги исполнуваат професионалните стандарди“, додаде Тошковски.

    Во однос на боледувањата во МВР, Тошковски рече дека процентот на боледувања во полицијата е фрапантен и дека истрагата продолжува. По негово барање, внатрешната контрола во МВР отворила истрага, а во процесот е вклучен и ФЗО.

    Според министерот, одговорноста за издавањето боледување не е кај полицискиот службеник, туку кај докторот што го издал ако немало основа.

    „Во текот на вчерашниот ден од страна на медиумите и јас бев запознаен дека Фондот констатирал конкретни пропусти кај лекарите. И тоа не кај еден, туку кај повеќе. По случаен избор биле избрани одреден број случаи, каде што во согласност со она што го видов, секој четврти или секој петти од контролираните има индиции дека го злоупотребувал боледувањето. Значи, тоа е катастрофа и како процент“, истакна Тошковски.

    Тој додаде дека истрагата на внатрешна контрола е во тек и ќе биде целосно завршена.

     

    Previous ArticleДЗР откри сериозни нерегуларности во ДИК за изборите во 2024 година кои ги чинеа граѓаните 23 милиони евра
    Next Article Сиљановска Давкова – Пленковиќ: Иницијативата за стратешка соработка – доказ за искреното пријателство меѓу Македонија и Хрватска

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.