Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Фисник Џелили од Порталб добитник на третата награда „Никола Младенов“
    Македонија

    Фисник Џелили од Порталб добитник на третата награда „Никола Младенов“

    24/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Новинарот на „Порталб.мк“, Фисник Џелили, е добитник на третата награда „Никола Младенов“ за сторијата за злоупотребите на средства за третман на кучињата-скитници во Тетово. Тој ја дели третата награда со Александар Димитриевски, за сторијата „Полициските специјалци ќе ги облекува модно женско студио и фирма регистрирана пред тендерот“, објавена на „360 степени“.

    Првата награда за најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс „Никола Младенов 2025“ ja добија Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за сторијата „Кочани – нашиот морален компромис“, тимот на емисијата „КОД“, за серијалот истражувања за пожарот во дискотеката „Пулс“ и новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, за сторијата за тајниот сопственик на агенцијата „Рубикон“.

    Втората награда ја делат тимот на БИРН Македонија за истражувањето и дата-базата за верските имоти на МПЦ-ОА и ИВЗ, и новинарите Александар Методијев и Сузана Мицева за серијалот „Јаглен на раскрсница“. Пофалници за истакнат новинарски ангажман им беа доделени на Мирослава Симоновска и Фросина Факова Серафиновиќ, Бјанка Станковиќ, Славица Филиповска Иванова и Михаил Милошевски.

    Наградата се доделува како признание за исклучителната професионална посветеност, истражувачка упорност и високоразвиено чувство за јавен интерес што овие редакции и новинари го покажаа преку своите истражувања, придонесувајќи за разоткривање на причините, пропустите и одговорноста поврзани со еден од најтрагичните настани во поновата историја на земјата – пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со своите истражувања тие не само што отворија суштински прашања за институционалната одговорност, незаконските постапувања и системската корупцијата, туку и  придонесоа јавноста да добие поцелосна, документирана и аргументирана слика за околностите што доведоа до трагедијата.

    На годинешниот конкурс пристигнаа 42 стории обработени во 122 текстови и видеоприлози.

    Генерална оценка на комисијата е дека најдобрите стории оваа година се одликуваат со темелна проверка на факти, користење разновидни извори, серијален или долгорочен истражувачки пристап, јасна структура и способност комплексните теми да се преточат во разбирливи и влијателни новинарски производи. Токму овие вредности ја потврдуваат суштинската улога на истражувачкото новинарство како коректив на институциите и како важен столб на демократското општество.

    Previous ArticleСветски метеоролошки ден: Македонското земјоделство веќе ја живее климатската криза
    Next Article ДЗР откри сериозни нерегуларности во ДИК за изборите во 2024 година кои ги чинеа граѓаните 23 милиони евра

    Поврзани вести

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.