Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сиљановска Давкова – Милановиќ во Загреб: Поголемо чудо е што Македонија успеа да стане и да преживее како независна држава
    Политика

    Сиљановска Давкова – Милановиќ во Загреб: Поголемо чудо е што Македонија успеа да стане и да преживее како независна држава

    24/03/20266 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Зборувавме за обидот на Македонија, Северна Македонија, како и да сакате, да стане членка на нешто што многумина од нас, вклучувајќи ме и мене меѓу првите, до неодамна го нарекувавме и го третиравме како врв на некаков вид материјализација на државата, пристапувањето кон Европската Унија, како тоа да е на кој било начин супериорно во однос на она што веќе го имаме – а тоа се нашите независни национални држави. Во случајот со Хрватска, таа беше многу тешко извојувана и постигната со многу величествени работи и некои помалку величествени, а во случајот со Македонија и нејзиниот историски пат и окружување, уште поголемо чудо е што Македонија успеа да стане и да преживее како независна држава во вртлогот во кој историски живееше“, рече Милановиќ.

    Милановиќ смета дека Македонија треба сама да одлучи за својата судбина и за тоа што е важно за неа – дали е тоа членство во Европската Унија по секоја цена, бидејќи, како што нагласи, она што се бара од Скопје во последно време е „секоја цена“ и повеќе од тоа.

    „Тоа е еден вид лицитација, што не е лесно да се задоволи. Значи, што и да правите, доаѓа ново барање. Потоа доаѓа она на што дури и не сте сметале. А јас понекогаш го нарекувам таквиот вид однос во хрватската политика и во нашиот внатрешен политички натпревар – ‘гаслајтинг’. На хрватски јазик тоа најдобро се преведува како ‘залудување’, или обид некого да го убедиш дека нешто што е фикција е реално, или дека нешто што не е реално е фикција. Значи, Македонија сама одлучува што е подобро за неа и кој пат го избира. Дали е тоа, секако претпоставувам дека е патот на безбедноста, задоволството, просперитетот, мирот и спокојството на граѓаните на Македонија, на сите етнички групи, националности. А ова второто, вклучувајќи ја Европската Унија, па дури и НАТО, е фасада. Тоа е еден вид енергетска обнова. Стиропор, лице. Но, она што ја прави куќата е внатрешноста и носечките ѕидови и нејзината структура“, истакна хрватскиот претседател, нагласувајќи дека ова се само негови размислувања, а не совети.

    Но, како што рече, гледајќи, следејќи, доживувајќи сè што доживеал и видел во последните многу години, тоа се негови мисли и вели дека истото важи и за неговата земја.

    „Значи, тоа важи и за Хрватска. Европската Унија е надградба, но во никој случај не е зграда. Значи, нашата куќа и нашата зграда се на наше земјиште, нашите темели се во неа, а Европската Унија е добредојдена сензација, додека трае. И тоа е тоа. Немам илузии за тоа. И им посакувам на Македонија и на Македонците и на политичарите во Македонија сè најдобро – сами да проценат, без туѓо менторство и уште полошо, без туѓа манипулација и управување со видливото и невидливото, што е добро за нив, бидејќи тоа се случува предолго. Пред пет, шест, седум години, не би го кажал ова. Денес го кажувам ова, затоа што го гледам. Значи, има живот без Европската Унија, и успешен и целосно достоинствен живот“, рече Милановиќ.

    Македонската претседателка е согласна дека патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ е неоправдано попречуван и одолговлекуван.

    „За жал патот кон ЕУ се трансформира во маратон. Можете да замислите кандидатскиот статус го добивме во 2005 година. Определбата беше дека политичкиот систем на ЕУ тој ‘суи генерис’ (sui generis)- политички систем, низ призма на Копенхашките критериуми, утврдени уште во далечната 1993 година, може да нè направи компатибилни со регионот, ама и компатибилни во европски рамки. И, вистина, посветено тргнавме на тој пат. Само податок, можеби дваесетина и повеќе пати сме добиле позитивни годишни извештаи и препорака, и од Европскиот парламент и од Европската комисија, за почеток на преговори, и никако да дојде до преговорите“, рече Сиљановска – Давкова.

    Таа додаде дека најчестите барања од нас се најчудните – промена на Уставот.

    „Замислете, актот на сувереноста, Уставот, највисокиот закон, закон на законите, општествената повелба на граѓаните треба да се смени. Иако, како и во секој Устав, и во нашиот пишува дека иницијатива за промена може да покренат претседателот, 30 пратеници, или 150 илјади граѓани, и Владата! Не пишува дека ЕУ, а уште помалку може тоа да го направи некој од соседите“, истакна Сиљановска – Давкова.

    Според неа, ова е огромен предизвик за земјава и оти на тој пат ние размислуваме за сите можни решенија, иако мора да се нагласи оти во програмите кај сите политички партии, една од стратешките определби е ЕУ како заеднички дом. Граѓаните кај нас, нагласи таа, околу оваа синтагма, околу ова барање се обединуваат.

    „Се разбира, она што го бараме ние е многу едноставно – исти стандарди какви што се барале од вас, или какви што се бараат и од другите членки, а тоа се Копенхашките критериуми. Меѓутоа, ние добиваме барања коишто се однесуваат на историјата, на културата, на јазикот, или на идентитетот. А во преамбулата на Договорот за ЕУ јасно пишува дека ЕУ ја признава, бидејќи е единство во различностите, и ги почитува историјата, културата и јазикот на другите народи, па дури и уставните и политичките структури, а особено дигнитетот и интегритетот на граѓаните“, истакна на прес-конференцијата по средбата Сиљановска – Давкова.

    Таа е свесна дека промена на консензуалното одлучување во ЕУ е тешко да се добие, барем засега. Но, како што нагласува, она што го бараме ние, скромно, како држава, како нација – е да нема двојни стандарди и да се вреднува она што се вреднува и кај останатите.

    „Јас благодарам за пријателскиот однос, за поддршката, за помошта, на отворањето на нови перспективи или укажувањето на различни решенија и можности, особено денеска, во овој чуден свет во којшто најмалку има владеење на право. Реалполитиката се претвори во дарвинистичка. Кантовиот вечен мир, стана свет во којшто силните го прават тоа што можат, а слабите тоа што мораат. Ние сме во оваа втора категорија. Меѓутоа, има прашања за кои навистина не може и не треба да се разговара“, рече претседателката на Македонија.

    Вели дека проширувањето на ЕУ не е само политичко, економско и културно прашање, туку е безбедносно прашање и верува оти има уште можности нам да ни се овозможи да се натпреваруваме како и сите други во освојувањето на владеењето на правото, демократијата, почитувањето на човековите, вклучувајќи ги и малцинските права – за да можеме навистина да го добиеме местото во европското семејство.

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во Загреб, со највисоки државни и воени почести беше пречекана од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Пред прес-конференцијата тие имаа тет-а-тет средба, а беше одржан и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

    Македонската претседателка, која е во официјална посета на Република Хрватска, ќе оствари средба и со премиерот Андреј Пленковиќ.

    Предвидено е да положи венец на Споменикот на татковината, а во градскиот парк „Бундек“ ќе положи венец на спомен-бистата на Блаже Конески.

    Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели.

    Сиљановска-Давкова вчера ја посети македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“ во Загреб и оствари средба со претставници на македонската заедница во Хрватска.

     

    Previous ArticleМицкоски: Имаме доволно гориво и струја, како и резерви на мазут, ограничувања на потрошувачката нема да има
    Next Article На Клиниката за очни болести направени 16 трансплантации на рожница

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.