Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Самоуништување со умисла: Некои од иселените ќе се вратат, но неродените бебиња – НЕ

    Младите од Овчарани, Леринско, запеаја македонски патриотски песни (ВИДЕО)

    Јотова му се пожали на Фицо: Македонија не ги исполнува обврските преземени во 2022 година

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Истата храна што ја јаделе во РЕК Битола, ја конзумирале и вработените во „Термо“ на РЕК Битола, но немале симптоми
    Македонија

    Истата храна што ја јаделе во РЕК Битола, ја конзумирале и вработените во „Термо“ на РЕК Битола, но немале симптоми

    26/03/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во врска со здравствените тегоби кај дел од работниците од РЕК Битола, веднаш по појавата на првите симптоми кај дел од вработените во рудникот, сите лица кои се пожалиле на труење биле навремено упатени на прегледи и анализи во Клиничката болница во Битола. Раководството на РЕК Битола ги известило надлежните институции и презело превентивна мерка со затворање на мензата, сè до целосно завршување на анализите на земените мостри и утврдување на причините, соопштија денеска од АД ЕСМ и ЕСМ Молика, по масовното труење со храна што се случи неодамна во РЕК Битола.

    „Според досегашните информации, на преглед се јавиле вкупно 81 лице, при што најголемиот дел се со лесна клиничка слика и сите се пуштени на домашно лекување. Ова укажува дека состојбата е под контрола и се третира со соодветна сериозност. Дополнително, важно е да се напомене дека истата храна ја конзумирале и вработените во делот „Термо“ на РЕК Битола, каде што не се пријавени никакви симптоми. Во однос на затворањето на кујната, станува збор за вообичаена превентивна постапка што се применува во вакви ситуации, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на вработените додека траат испитувањата„, се наведува во соопштението.

    Оттаму потсетуваат дека согласно националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е времено затворена, односно, дадена е забрана за вршење на дејност подготовка и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви.

    Мета објави дека осумдесетина лица вработени со симптоми на труење со храна, вчера побарале медицинска помош, откако јаделе топли и ладни оброци во мензата во компанијата. Како што информира директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, до овој момент има 35 физички пријави во Центарот за јавно здравје. Лицата се пожалиле на дијареа, повраќање и малку покачена телесна температура.

    „Бевме на терен до доцна синоќа, земавме мостри само од храната, а од работните површини и брисеви од вработените земаа колегите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ). Со епидемиологот од Битола сме постојано во комуникација, не известуваат за состојбата. Анализите се во тек. Мострите од храна се засадени и утре очекуваме некакви првични резултати, кои ќе ни помогнат да се утврди причината за труењето. Вработените дента на мени имале лазањи и макарони со мелено месо, свински бут со натур сос, ќофте со доматен сос, пилешка супа, пире и кисело млеко“, информира Андоновска.

    Previous Article„Стоп за Усје“ поднесе свој предлог за А-интегрирана дозвола за Цементарница 
    Next Article Пожар во затворот Идризово, се запалил кровот на амбулантата

    Поврзани вести

    Самоуништување со умисла: Некои од иселените ќе се вратат, но неродените бебиња – НЕ

    05/09/2026

    Младите од Овчарани, Леринско, запеаја македонски патриотски песни (ВИДЕО)

    05/09/2026

    АМСМ со важна информација за возачите: Еве каде има задржување

    05/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Самоуништување со умисла: Некои од иселените ќе се вратат, но неродените бебиња – НЕ

    Младите од Овчарани, Леринско, запеаја македонски патриотски песни (ВИДЕО)

    Јотова му се пожали на Фицо: Македонија не ги исполнува обврските преземени во 2022 година

    ДЕСФА: Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

    НАЈЧИТАНИ

    Дете се бори за живот по крвава тепачка во Скопје

    01/09/2026

    Дали социјалните медиуми ги уништуваат семејните односи?

    01/09/2026

    Ова се имињата на сите 310 ученици кои се примени во Средното полициско училиште

    27/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.