Во Подрачното училиште во село Црник, во соработка со Општина Пехчево, беа реализирани две значајни едукативни работилници наменети за учениците од предметна настава. Работилниците беа посветени на актуелни и сериозни општествени теми – трговија со луѓе и семејно насилство.
Целта на овие активности беше подигнување на свеста кај младите, нивно навремено информирање и едукација за препознавање на ризиците, како и начини за заштита и правилна реакција во потенцијално опасни ситуации.
Како предавачи учествуваа стручни лица од Министерството за внатрешни работи:
- Помошник командир од ОВР Берово, Елена Спасевска
- Самостоен инспектор за превенција од РЦ за ГР Исток, Виолета Илиевска
- Инспектор во ПС за ГП и ГН Делчево, Ивица Ѓорѓиев
Преку интерактивен пристап, учениците имаа можност да се запознаат со конкретни примери и реални ситуации, да поставуваат прашања и активно да учествуваат во дискусии. Овој начин на работа овозможи подобро разбирање на темите и поттикна критичко размислување кај младите.
Организаторите истакнаа дека ваквите едукативни активности се од особено значење за правилен развој на учениците и за градење на безбедна и информирана заедница.


