Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Цената на дизелот останува иста, на бензините паѓа: Што плаќаме со секој литар гориво што ќе го наточиме?
    Македонија

    Цената на дизелот останува иста, на бензините паѓа: Што плаќаме со секој литар гориво што ќе го наточиме?

    30/03/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Регулаторната комисија за енергетика одлучи дека од денеска на полноќ цената на бензините (95 и 98 октани) ќе се намали за 2,5 до 3 денари за литар, додека цената на дизел горивото ќе остане иста како и до сега. Со тоа, максималната цена на еден литар Еуросупер 95 ќе биде 84 денари по литар, на Еуросупер 98 – 85,5 денари по литар, на Еуродизел 95,5 денари по литар, а на екстра лесното масло 92,5 денари по литар што е поскапување од половина денар. Од комисијата посочуваат дека донеле и одлука со која го намалуваат износот кој граѓаните го плаќаат за секој литар гориво за работење преку склад, од 1,70 на 1,20 денари по литар.

    Според РКЕ, цените на бензините на светските берзи во последната недела бележат пад од 3,76 отсто додека кај дизелот има раст од 1,6 отсто, па затоа е намалена цената на бензините. Според РКЕ, курсот на денарот во однос на доларот, кој исто така влијае на крајната цена е понизок за 0,5 отсто.

    Во време кога цените на енергенсите драматично растат поради војната кој САД и Израел ја започнаа во Иран, Мета.мк анализираше каде се одлева колкав дел од секој продаден литар гориво. Според информациите од Регулаторната комисија за енергетика, кои се содржат во нивните одлуки во однос на цената на нафтата и нафтените деривати, најголем дел, очекувано се одвојува за големопродажната цена на дериватите, односно за нафтените компаниии рафинериите. Поточно кажано кога станува збор за дизел горивото, околу 66 отсто од цената е рафинериската цена, а кај безоловниот бензин, тоа опфаќа околу 55 отсто од цената.

    Втор по големина е износот кој се одвојува за акцизата, односно данок кој го наплаќа државата и изнесува околу 16 отсто од цената на литар дизел, а 26 отсто од цената на секој литар бензин. Трета давачка која, исто така оди кај државата е уште еден данок, односно Данокот на додадена вредност, кој во моментов изнесува 10 отсто откако Владата реши да назначи привремена повластена ставка за нафтата и нафтените деривати, наместо 18 отсто. Акцизата и ДДВ-то, како даноци, заедно сочинуваат голем дел од цената на горивата, односно од една четвртина (25 отсто) до 35 проценти од малопродажната цена што ја плаќаме на бензинските пумпи во зависност од тоа какво гориво точиме. Меѓу давачките кои исто така се одвојуваат за државата за секој литар гориво се и давачките за задолжителни резерви (од 0,3 до речиси 1 отсто) и за животна средина (0,1 отсто).

    Потоа, уште околу 8-9 отсто од малопродажната цена се одлева кај компаниите кои вршат увоз и транспорт на горивата, поточно, 8 отсто за трговска маржа и складирање и околу еден процент за транспорт.

    window.addEventListener(“message”,function(a){if(void 0!==a.data[“datawrapper-height”]){var e=document.querySelectorAll(“iframe”);for(var t in a.data[“datawrapper-height”])for(var r,i=0;r=e[i];i++)if(r.contentWindow===a.source){var d=a.data[“datawrapper-height”][t]+”px”;r.style.height=d}}});

    Експертите предупредуваат дека привременото намалување на Данокот на додадена вредност до 18 на 10 отсто за горивата не е доволно за да се спречи македонската економија да влезе во т.н. стагфлација, односно низок раст на Бруто-домашниот производ пропратен со висока инфлација (раст на цените) и зголемување на невработеноста.

    На ваквите закани предупреди академикот Таки Фити во интервју за Блумберг Адрија, според кој оваа енергетска криза е „многу потешка од енергетската криза во 2022 година, бидејќи за 20 дена цената на нафтата порасна 70 отсто“. Како што додава Фити, ризиците за Македонија се поголеми бидејќи земјата и за време на кризата во 2022 година имаше највисока стапка на инфлација во регионот.

    Тој смета дека многу поефикасна мерка од намалување на ДДВ-то е да се интервенира и во акцизите, што директно ќе влијае на цените на горивата. Тој ја повика и Комисијата за заштита на конкуренцијата да реагира при неоправдано покачување на цените.

    „Не може ние да се фалиме дека имаме најниска цена на горивата во регионот, потребна е и поголема активност од Комисијата за заштита на конкуренцијата, не е доволно активна. Имаме силни тенденции на неоправдано покачување на цените и користење на оваа ситуација за да се остварат големи профити“, вели Таки Фити во интервјуто за Блумберг Адрија. Според него, ќе биде неопходно Народната банка да ги зголеми каматните стапки, а државата ќе треба да прави ребаланс на буџетот.

    „Ако инфлацијата се разгори и дојде до стагфлација, потоа тешко ќе се вратат работите назад“, вели Фити.

    За разлика од него, премиерот Христијан Мицкоски, минатата недела пред Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука за новите максимални цени, рече дека намалувањето на ДДВ-то има поголемо влијание врз крајните цени од намалувањето на акцизите.

    „Дојдовме до заклучок дека доколку би интервенирале во акцизите, тогаш намалувањето за бензините безоловниот 95 и 98 октански ќе беше 1 денар по литар, а за дизелот ќе беше 2 денара по литар. Затоа одлучивме да имаме поробусна, поголема интервенција и на овој начин се намалуваат цените, отприлика за 6,5 до 7 денари по литар. Но, се разбира состојбата ќе ја следиме и како следна мерка кога веќе тоа намалување би било позначајно, ќе го имаме и тоа предвид. Но сега сакавме поголема, поробусна интервенција за веднаш да почувствуваат граѓаните, да нема зголемување драматично коешто би удрило на стандардот на граѓаните“, изјави тогаш Мицкоски.

    Previous ArticleПовредените од пожарот во Кочани се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско нарушување
    Next Article Промоција на две поетски книги од Влатко Ситновски во Пехчево и отворање на изложбата „Часослов“

    Поврзани вести

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.