Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Изградбата на автопатот Охрид-Кичево треба да заврши до крајот на годината, тврди Николоски
    Политика

    Изградбата на автопатот Охрид-Кичево треба да заврши до крајот на годината, тврди Николоски

    01/04/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Ова е сè уште најевтиниот автопат кој што се гради во Македонија. За споредба, автопатите што се градат на коридорите 8 и 10 со договорот со конзорциумот Бехтел и Енка ќе стигнат некаде по 15,5 до 16 милиони евра по километар. Скопје – Блаце од ова што имаме како индикативни понуди, ги работиме заедно со Европската банка за обнова и развој, ќе биде некаде околу 21 милион евра по километар и нешто слично ќе биде Кичево – Букојчани. Што значи дека ова сè уште останува најевтиниот автопат кој што го градиме, но доколку беше изграден навреме, ќе беше помалку од ова што е сега“, изјави Николоски.

    Тој рече дека единствениот дел на Охрид – Кичево се 20-те километри што се обврска на кинеската компанија „Синохидро“.

    „Тие се во вредност поголеми, затоа доаѓа 51 процент. Значи од 57 километри, 37 се завршени, 34 се во функција. Тие беа работени од македонски подизведувачи, од компаниите Гранит од Скопје и Илинден од Струга и тие се целосно завршени. Делот што не е завршен е дело на Синохидро, јасно е дека нивната динамика не е на она ниво на кое што ниe очекуваме“, изјави Николоски и најави состанок со раководството на компанијата за Европа.

    Паралелно со тоа, дополни Николоски, „Ексим банка“ од Кина треба да обезбеди финансирање на проектот.

    „Имајќи предвид дека проектот беше заборавен со години наназад, природно беше сега ние да побараме поголема сума на средства, со цел да го завршиме. Ние побаравме и бевме одбиени од Ексим банка. Средствата што ги побаравме тогаш беа 175 милиони евра од причини што веројатно само тие ги знаат. Нашле некое писмо потпишано од претходниот министер за транспорт, министер за финансии и директор на јавно претпријатие за државни патишта и вицепремиер за економски прашања во кое тие рекле дека мислат дека нема да се потрени дополнителни средства“, појасни тој, додавајќи дека сега овие средства ќе ги обезбеди ЈП за Државни патишта.

    Николоски најави и дека патот за Сончев град на Водно ќе биде пуштен до почетокот на летово.

    Во однос на барањата на УНЕСКО за трасата на Коридорот 8, рече дека нивниот став е прилично ригиден.

    „Правилата на УНЕСКО се дека ги прифаќаат само постојните линии и постојните инфраструктурни објекти. Така што нивното барање е да се суспендираат сите активности. Имајќи предвид дека прашањето е вонредно значајно за нас, отидовме во Париз четири министри и двајца градоначалници, и очекуваме во јуни да го добиеме финалниот извештај. Тогаш ќе имаме чиста ситуација, ќе имаме и финален став од страна на УНЕСКО по ова прашање и тоа не се однесува само на автопатот, туку и на железницата“, рече Николоски.

    Тој рече дека крајната цел нема да се промени, односно дека граничниот премин Ќафасан останува во било која од комбинациите.

    „Во моментот работиме на проширување и надградба на граничниот премин заедно со Светска банка, очекувам во првата фаза да е готов за еден месец, што значи дека точката на спојување со Албанија останува иста. Прашањето е како ќе стигаме до Ќафасан, дали ќе стигаме по она што било дел од договорот што бил правен во канцеларија, затоа што дури и да не постоело ова барање на УНЕСКО, каков е тој автопат што не се спојува со аеродромот, и не се спојува со градот Струга. Јавноста треба да знае имајќи предвид дека од ДУИ ништо не сработија во нивните многу мандати, ама еве сега критикуваат, километар автопат не завршија“, оцени Николоски.

    Тој рече дека сега се бара решение кое од една трана, како што кажа, ќе значи да се испочитуваат препораките на УНЕСКО, од друга страна да се интегрира аеродромот, од трета страна да се спои градот Струга, и од четврта страна да стинеме до Ќафасан.

    Претходно денеска премиерот Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е подготвена да разгледа нова траса за коридорите доколку УНЕСКО не даде зелено светло за проектите што поминуваат низ заштитени подрачја, нагласувајќи дека инфраструктурниот развој ќе продолжи, но со целосно почитување на меѓународните обврски.

    Previous ArticleНиколоски: Долгорочни визи за возачите и исклучување од политиките за трети земји се приоритет
    Next Article Манчестер Сити го притисна Гвардиола!

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.