Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Николоски: Долгорочни визи за возачите и исклучување од политиките за трети земји се приоритет
    Политика

    Николоски: Долгорочни визи за возачите и исклучување од политиките за трети земји се приоритет

    01/04/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Досега системот беше книжeн и во пракса постоеја одредени толеранции. Со електронска евиденција тоа веќе нема да биде возможно. Добро е што превозниците реагираа, бидејќи нивната реакција придонесе Европската комисија предвреме да ја презентира новата визна стратегија“, рече Николоски, во гостување на Телма.

    Тој појасни дека во новата европска визна политика веќе е вметнато она што Македонија го побарала, а тоа е професионалните возачи, без разлика дали управуваат камиони или автобуси, да добијат посебен статус.

    Николоски информираше дека Хрватска веќе има закон во собраниска процедура, Романија подготвила законски драфт, а по разговорите во Унгарија, се очекува решение и таму по изборите. Преостанати за усогласување се Австрија и Германија, како најважни транзитни и крајни дестинации за македонските превозници.

    Во однос на Велика Британија, која е надвор од Шенген, вицепремиерот објасни дека таму се применува постоечката пракса на доделување работни визи. Паралелно, се работи и со Бугарија и Грција на модели за непречен дневен транзит на професионални возачи во пограничните региони.

    Додаде дека поради потребното време за усогласување на сите постапки, договорено е воведувањето на новиот електронски систем за евиденција да се одложи за македонските граѓани до 30 септември 2026, а дотогаш ќе важи досегашната книжна евиденција.

    Во однос на преполовените европски квоти за извоз на челик, Николоски рече дека тоа е едно од најголемите економски предизвици со кои се соочува домашната металуршка индустрија,

    Тој објасни дека квотите што Европската Унија ги применува за земјите што не се нејзини членки потпаѓаат под таканаречени „квоти за трети земји“, во чија рамка се наоѓа и Северна Македонија. Бидејќи во истиот систем е вклучена и Кина, голем дел од количините се алоцираат токму таму, што го ограничува извозот од регионот.

    Информираше дека паралелно со тоа, од јануари 2027 година треба да започне пресметувањето на јаглеродната компонента во увезените производи во рамките на СИБАМ јаглеродната такса, која ќе санкционира продукција извршена со т.н. „нечиста енергија“, доколку земјата извозник нема воспоставено сопствен систем за евиденција и наплата на јаглеродни емисии.

    Министерот посочи дека ниедна земја од регионот сè уште нема воспоставено таков механизам, делумно поради доцнењето на Европската Унија со финализирањето на правилата, кои се очекува да бидат објавени до септември годинава.

    Во однос на квотите, Николоски потврди дека се водат интензивни разговори преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и македонската Мисија во Брисел.

    „Решение мора да се најде во рамки на тоа да земјите од Западен Балкан, или ако не можеме да влеземе како група, тогаш, Македонија да биде исклучени од политиките за трети земји, а тоа е единственото логично решение, рече министерот, укажувајќи дека регионот веќе е силно интегриран во европските економски текови, со договори за слободна трговија и статус на придружни членки и кандидати“, рече тој.

    Тој предупреди дека доколку не се најде решение, земјите од регионот би можеле да бидат принудени да разгледуваат реципрочни мерки, што не би било во интерес никому, како што рече имајќи во предвид дека странски инвеститори во Македонија произведуваат полупроизводи за европските пазари.

    Previous ArticleМуцунски-Адад: Неопходно забрзување на процесот на евроинтеграција
    Next Article Изградбата на автопатот Охрид-Кичево треба да заврши до крајот на годината, тврди Николоски

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.