Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Отворено писмо на Ахмети: Секој обид да се ограничи правото на албански јазик нема да помине без одговор
    Политика

    Отворено писмо на Ахмети: Секој обид да се ограничи правото на албански јазик нема да помине без одговор

    03/04/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во писмото за користењето на албанскиот јазик Ахмети вели дека стабилните и одржливи држави се изградени врз јасни принципи, врз големи политички договори и врз меѓусебно почитување меѓу граѓаните и народите што ги сочинуваат. Кога тие принципи се зачувани и зацврстени, државата се движи напред; кога се релативизираат, се отвораат непотребни дебати што не им служат на никого, посочува Ахмети.

    Според него, постојат теми што не се ниту „сопственост на партиите, ниту предмет на политички натпревари, туку дел од нашиот заеднички договор да живееме заедно, како еднакви во рамноправна и европска држава“. Едно од тие прашања, како што вели, е статусот на албанскиот јазик како официјален јазик.

    „За мене, еднаквоста никогаш не била слоган. Таа е непроменливо политичко и морално убедување. Државата не станува силна кога едната страна се чувствува супериорна, туку кога секој граѓанин и секој народ се чувствуваат почитувани, признати и достоинствено претставени. Точно тука е значењето на јазикот: тој не е само средство за комуникација, туку израз на идентитет, достоинство и уставна еднаквост. Албанскиот јазик за мене не е и никогаш нема да биде предмет на преговорање. Јас го кажав и ќе го повторувам без никаква резерва: Охридскиот договор е темел на оваа држава и кој го доведува во прашање, ја доведува во прашање самата иднина на државата. Албанскиот јазик не е привилегија, туку стекнато право загарантирано со Уставот. Секој обид да се релативизира или ограничи тоа право е директен предизвик на уставниот поредок и нема да помине без одговор“, вели Ахмети.

    Тој додава дека Албанците во Македонија никогаш не го оспорувале македонскиот јазик и македонскиот идентитет, напротив, постојано се определувале за заедничка, унитарна, евроатлантска и европска Македонија.

    „Ова е вистината што треба јасно да се каже: еднаквоста на Албанците не ја ослабнала државата, туку ја зацврстила. Не го загрозила заедничкото живеење, туку ја направила поправична. Не ја разнишала западната ориентација на земјата, туку ја овозможила. Верувам и цврсто стојам зад тоа: јазичната еднаквост е столбот на кој стои коегзистенцијата. Мирот и стабилноста не се градат врз доминација на едните над другите, туку врз реална еднаквост. Држава што не им зборува на своите граѓани на нивниот јазик не е рамноправна држава. Албанскиот не е товар за државата, тој е нејзина реалност и нераскинлив дел од нејзиниот институционален идентитет“, е вели во писмото на Ахмети.

    „Секој обид да се релативизира, намали или ослаби статусот на албанскиот јазик не е само правна расправа. Тоа е допир до рамнотежа изградена со многу политичка мудрост, одговорност и посветеност кон заедничката иднина“.

    За Ахмети Уставниот суд е параполитична институција и инструмент за дестабилизирачки агенди.

    „Со загриженост се следат и одредени пристапи на институциите, особено во Уставниот суд, кои создаваат непоколебливо уверување дека во чувствителни прашања за меѓуетничките односи не преовладува професионалниот и уставниот аргумент, туку етнички мнозинска логика, застарена која не се совпаѓа со духот на Охридскиот договор. Ова е причина за сериозна државна внимателност. Институциите, особено Уставниот суд, треба да бидат чувари на еднаквоста, а не простор каде што се доведува во прашање она што е стекнат стандард на демократската коегзистенција“ пишува Ахмети.

    Нетрпението, вели Ахмети, не нè води напред,  а реториката „можете да зборувате албански колку сакате, но има само еден официјален јазик“, не е ниту модерна, ниту државотворна, ниту европска.

    „Таа не носи мир, туку создава напнатост; не гради мостови, туку продлабочува поделби; не лечи, туку ги отвора раните што земјата скапо ги платила; и не ја зацврстува државата, туку го подрива самиот основ на коегзистенцијата. Не сакам никој во оваа земја да се чувствува загрозен од еднаквоста. Ниту Македонецот од правата на Албанецот, ниту Албанецот од институциите на државата. Ова е вистинското значење на коегзистенцијата: да живееме со сознанието дека државата е на сите и дека никој не треба да бара почит како милост, туку да ја ужива како право. Затоа денес е потребен мудар јазик, умерен пристап и историска одговорност. Треба да ги заштитиме македонскиот и албанскиот јазик, идентитетот на секој и достоинството на сите. Треба да ги заштитиме не само текстовите на законите, туку и духот на заедничката држава. Кога се штити еднаквоста, се штити мирот; кога не се допира јазикот на другиот, се зацврстува нашата заедничка држава. Нема враќање назад! Стекнатите права не се предмет на преговори и не се укинуваат. Секој обид за ограничување на примената на албанскиот јазик е опасен регрес. Тие што денес зборуваат за ограничувања треба да знаат дека ги отвораат раните што земјата ги залечила со големи жртви. Со овие работи не се игра“, вели Ахмети.

    „Овие права не се само внатрешно достигнување; тие се резултат на заеднички пат со нашите стратешки партнери, ЕУ, САД и НАТО. Затоа нивната заштита не е само политичка обврска, туку државна и меѓународна одговорност.

    Јас јасно кажав: не бараме повеќе од она што ни припаѓа, но нема да прифатиме ништо помалку. Еднаквоста не е опција, тоа е обврска. Денес проблемот не е законот, туку недостатокот на волја за негово спроведување. Законите не се применуваат сами по себе, туку ги применуваат институциите и луѓето кои треба да носат одговорност. Никој нема право да го блокира или игнорира применувањето на уставно загарантирано право. Тоа не е само кршење на устав и закон, тоа е кршење на довербата на граѓаните“, напиша Ахмети.

    За него нема иднина без еднаквост, достоинство и нема достоинство без албанскиот јазик како официјален јазик. „Кој го допре овој принцип, ја допира самата основа на државата“, напиша Ахмети во отвореното писмо.

    Previous ArticleТрамп ја разреши Пем Бонди од функцијата јавен обвинител
    Next Article (Видео) Ја критикуваа дека изгледа „евтино“, а таа им возврати: Сега сите молчат

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.