Бројот на работниците во февруари годинава, во однос на февруари лани е намален за 3.4 отсто , информираше Државниот завод за статистика.
Најголемите намалувања се нотирани во секторот Рударство и вадење камен, каде бројот на работници се намалил за 6.3 %, потоа во секторот Преработувачка индустрија за 3.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.4 %, Капитални производи за 4.5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2026 во однос на периодот
јануари – февруари 2025 се намалил за 3.5 %.
