„Ако се направи споредба со претходниот месец, во февруари беа поднесени вкупно 476 приговори, односно 431 приговор од правни лица и 45 приговори од физички лица. Во текот на месец март од доставените приговори, од кои најголем дел се веќе во фаза на постапување, со пресуда се завршени 92 предмети“, информираат во Кривичниот суд.
За предметите од февруари, додаваат оттаму, постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци.
„Сите поднесени приговори навремено се заведуваат и согласно одредбите од Законот за прекршоци, во утврдениот рок од 8 дена, се доставуваат до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување“, пишува во соопштението од судот.
