Претседателот на Советот на Општина Делчево, д-р Николчо Стојменовски, заедно со заменик-градоначалникот д-р Адријана Илиевска Велковски и советниците Ирена Ристовска и Дејан Јовановски, учествуваа на обука во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ (Фаза 2).
Обуката е дел од активностите насочени кон унапредување на работата на општинските совети, со фокус на зголемување на транспарентноста, отчетноста и јакнењето на институционалните капацитети на локалната самоуправа.
Проектот го реализира Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за локална самоуправа, со поддршка од Швајцарската Конфедерација.
Од Општина Делчево информираат дека учеството на вакви обуки е од особено значење за унапредување на работата на советниците и за зајакнување на локалната демократија, при што нагласуваат дека ќе продолжат со активна вклученост во проекти и иницијативи што придонесуваат за подобро и поефикасно функционирање на локалната власт.

