Одржана четврта работилница од проектот „Младински ХАБ – Млади исток“ во Делчево
Во Младински центар Делчево и ресторан „Палма“ во Делчево се одржа четвртата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација: Младински ХАБ – Млади исток“, на која учествуваа околу 20 млади лица, како и претставници од невладиниот сектор и институции.
Проектот има за цел развој на младинско претприемништво и формирање на хаб кој ќе обезбеди знаења, менторство и поддршка за социјални бизниси, наменет за млади од Делчево, Македонска Каменица и Виница.
Обуката ја реализираше експертот Зоран Биковски, при што младите се едуцираа за развој на бизнис идеи, менаџирање на социјални претпријатија, финансии и пристап до извори на финансирање.
Проектот се реализира во рамки на иницијативата „RAISE CSOs“, со поддршка на Европската Унија.


