Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски: Потребна е силна акција од Брисел и од поголемите членки на ЕУ за да дојде до промена на ставот на Бугарија
    Политика

    Мицкоски: Потребна е силна акција од Брисел и од поголемите членки на ЕУ за да дојде до промена на ставот на Бугарија

    11/04/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, нагласи дека политиката на Владата веќе две години е конзистентна и практично ги аргументира своите позиции на меѓународната сцена и „одлука по одлука само се потврдуваат сите оние тези и стравувања, кои што ние како Влада и политичари ги имавме“, и нагласува дека „секој оној што мисли и сѐ уште верува дека ако се измени Преамбулата на Уставот, тука завршуваат нашите предизвици и маки, се лаже или не ја разбира политиката“ или, вели, „свесно претставува меко ткиво на македонскиот идентитет и одработува за туѓите интереси“.

    Прашан за коментар за одлуката на Комитетот за човекови права при ОН, кој утврди дека Бугарија ја прекршила Повелбата за здружување и дали смета дека ќе има некаков ефект, Мицкоски рече дека секако ќе има ефект, но дека не очекува да има ефект врз политиката на политичарите кај нашиот источен сосед, посебно не сега, вели, во оваа предизборна кампања.

    „Одлука по одлука само се потврдуваат сите оние тези и стравувања, кои што ние како Влада и политичари ги имавме. За жал, во минатото имавме политичари кои беа мекото ткиво на македонската идентитетска политика и прифаќаа сѐ, буквално и бел лист да им се ставеше на маса да го потпишат, од проста причина мислејќи лековерно дека на тој начин ќе останат подолго во Владата и ќе користат и ужуваат привилегиите кои што тие за себе ги замислиле“, изјави Мицкоски.

    Знаете, како што вели Мицкоски, тоа беше период на криминал, на срам, на предавства, на уништување сѐ што е македонско.

    „Но, политиката на оваа Влада веќе две години е конзистентна, практично ги аргументира своите позиции на меѓународната сцена и секој месец или секој квартал, да добиваме по уште едно ново признание за сите оние политики, кои што ги водиме“,  изјави Мицкоски.

    Тој рече дека во периодот што следи очекува уште вакви одлуки, но дека не верува оти може да дојде до промена на ставот на нашиот источен сосед, без силна и робусна акција од Брисел и поголемите членки на Европската Унија.

    „Верувам дека нашите агрументи се исправни, нашите аргументи од ден на ден се потврдуваат на меѓународната сцена. Впрочем ако го слушавте, едно од оние интервјуа на поранешниот претседател на Бугарија Румен Радев, а сега кандидат за премиер, каде вели дека тој лично два пати ја блокирал Македонија да ги отпочне преговорите, тогаш ни е сѐ јасно. И, секој оној што мисли и сѐ уште верува во прикаските дека ако се измени Преамбулата на Уставот или ако ја додадеме таа измена на Уставот, тука завршуваат нашите предизвици и маки, се лаже“, вели Мицкоски.

    Според Мицкоски, секој што мисли дека со тоа ќе заврши се и ќе почне од другиот ден мед и млеко да тече по улиците, „се лаже или не ја разбира политиката“ или „свесно претставува меко ткиво на македонскиот идентитет и одработува за туѓите интереси“.

    „За жал, сѐ уште на политичката сцена имаме такви политичари кои што со своите мекоткивни политики ги нарушуваат позициите коишто оваа Влада макотрпно и жилаво ги гради, но очекувам веќе после следните парламентарни избори тие политичари и таа политичка партија да се маргинализираат и конечно исчезнат од македонската политичка сцена“, изјави Мицкоски. 

    Previous ArticleВладата очекува од понеделник нови намалувања на цените на бензините и на дизелот
    Next Article Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.