Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Уставниот суд и Костадиновски тврдат дека никој нема да ја загрози употребата на Албанскиот јазик
    Македонија

    Уставниот суд и Костадиновски тврдат дека никој нема да ја загрози употребата на Албанскиот јазик

    09/04/20266 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во интервју за емисијата „Со факти“, емитувана на 8 април 2026 година на МРТ 1, говореше за повеќе актуелни прашања поврзани со работата на Судот, од Законот за употреба на јазиците, преку платите на судиите и Колективниот договор за култура, до политичките притисоци, транспарентноста и реформите што, според него, се неопходни за зајакнување на институцијата.

    Говорејќи за предметот што пред Уставниот суд се води за Законот за употреба на јазиците, Костадиновски оцени дека во јавноста неосновано се создаваат стравови и политички тензии. Тој порача дека Судот нема намера да ограничува права, туку, напротив, да придонесе тие да бидат заштитени и унапредени.

    „Сакам да упатам еден апел бидејќи гледам премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне Албанскиот јазик. Уставниот суд постои за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така да не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине да ја намали употребата или да го загрози албанскиот јазик апсолутно се неточни“, рече Костадиновски.

    Тој додаде дека одлуките на Судот, доколку бидат донесени, би имале за цел да ја олеснат практичната примена на правата, а не да ја ограничат употребата на албанскиот јазик.

    Осврнувајќи се на мислењето на Венецијанската комисија, претседателот на Уставниот суд рече дека тоа не треба да се толкува селективно, бидејќи, како што наведе, содржи и позитивни оценки и забелешки. Според него, Комисијата констатирала дека законот од 2018 година значително ја проширува употребата на албанскиот јазик во споредба со решението од 2008 година, но истовремено укажала и дека во одредени области се отишло предалеку.

    Една од централните теми во интервјуто беше и одлуката на Уставниот суд со која беа поништени измените за намалување на коефициентите за плати на судиите. Костадиновски изјави дека таквото законско решение директно ја засега независноста на судската власт, која, според него, ужива силни уставни гаранции.

    „Судската власт како посебна власт во нашиот уставен поредок ужива најсилни можни гаранции за сопствената независност и самостојност… Уставниот суд оцени дека се повредени самостојноста и независноста бидејќи ние независноста и самостојноста на судската власт ја гледаме во суштина целосно, материјалната независност е составен и нераскинлив дел од статусната независност на судовите“, рече тој.

    Костадиновски посочи и на, како што рече, бројни меѓународни стандарди, меѓу кои Европската повелба за судиите и ставовите на Венецијанската комисија, кои упатуваат дека платите на судиите не треба да се намалуваат ниту во услови на криза, токму поради гарантирањето на нивната независност. Воедно, тој оцени дека во услови на историски ниска доверба во правосудниот систем, независноста на судската власт мора да биде заштитена, но и дека таа власт треба да испорачува резултати.

    Во однос на платите на јавните обвинители, Костадиновски објасни дека прашањето сè уште не е затворено. Според него, за ова прашање е поведена постапка, но не било обезбедено потребното мнозинство за донесување конечна одлука.

    Тој се осврна и на Законот за намалување на коефициентите за именувани лица и функционери, при што рече дека проблемот не е само во коефициентите, туку и во тоа што уставните судии нормативно биле третирани заедно со носители на функции од законодавната и извршната власт. Според него, во ниту една држава каде што постои уставен суд, платата на уставен судија не е пониска од платата на врховен судија.

    „Три пати беа намалени платите и на уставните судии, заедно со судската власт важат истите уставни гаранции за независност дури и посилни ужива уставно-судска власт… Не постои земја во која постои Уставен суд и платата на уставен судија да биде под нивото на врховен судија“, изјави Костадиновски.

    Говорејќи за Колективниот договор за култура, претседателот на Уставниот суд рече дека Судот повел постапка за договорот во целина, бидејќи при анализата биле утврдени повеќе одредби за кои постои сомнеж дека може да бидат уставно спорни, а не само поединечни членови.

    „Тоа значи дека Уставниот суд изразил сомнеж за уставноста за целиот колективен договор… кога ние правевме анализа кога видовме колку одредби уставно можат да се доведат под сомнеж колективниот договор за целиот да поведеме постапка“, рече тој.

    Костадиновски појасни дека фактот што претходно за истиот договор биле водени постапки не претставува пречка, бидејќи еден закон или договор може повеќепати да биде оценуван од различни уставно-правни аспекти. Тој посочи дека во претходните случаи Судот бил ограничен на наводите во иницијативите, додека сега, како што рече, анализата покажала поширок круг на спорни одредби.

    Во однос на исходот, Костадиновски рече дека не може однапред да се прејудицира дали конечната одлука би била укинувачка или поништувачка, но додаде дека лично не би размислувал за поништувачка одлука, со оглед на сериозните последици што би ги произвела. Според него, доколку се донесе укинувачка одлука, од денот на нејзиното објавување во „Службен весник“ договорот би престанал да важи и двете страни би требало повторно да седнат на преговарачка маса и да склучат нов договор.

    Тој додаде дека во таков случај исплатата на плати не би можела да продолжи врз основа на тој колективен договор, туку би морало да се применат законските решенија сè додека не се постигне нов договор.

    Костадиновски во интервјуто се осврна и на транспарентноста на Уставниот суд, нагласувајќи дека зголемувањето на отвореноста на институцијата е еден од неговите клучни приоритети, особено имајќи ја предвид ниската доверба на граѓаните во институциите. Во таа насока, посочи дека Судот вовел пренос во живо на седниците.

    „Јас уште на првата прес-конференција откако станав претседател, кажав дека приоритет над сите приоритети ќе ми биде максимална отвореност… еден радикален чекор е снимањето на седниците на Уставниот суд во живо“, рече Костадиновски.

    Тој наведе дека одлуката не била донесена едногласно и оцени дека, иако ваквата практика е ретка во Европа, таа е неопходна во домашниот контекст поради екстремно ниската доверба во институциите. Според него, судиите треба да бидат свесни за јавниот интерес и за влијанието што нивните одлуки го имаат врз сите граѓани, поради што јавноста има право непосредно да следи како се дискутира и одлучува.

    Костадиновски посочи и дека веќе има индикатори што, според него, упатуваат на раст на довербата кај граѓаните, наведувајќи дека во првите три месеци од годинава пред Судот биле оформени 150 предмети, додека минатата година, која ја оцени како рекордна, биле решени 300 предмети.

    Previous ArticleАвтобусите на ЈСП за празниците ќе возат по неделен возен ред, Жичницата ќе работи и за Велигден
    Next Article Зелен хуман град: Македонија не е депонија

    Поврзани вести

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.