Неверојатна вест од Островот. Имено Арсенал сè уште планира да го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако ја завршат сезоната без да освојат трофеј. Пред околу 20 дена, Арсенал беше во игра за освојување на сите четири купа, но… Прво, загубија од Манчестер Сити во финалето на англискиот Лига Куп, потоа беа елиминирани од второлигашот Саутемптон во четвртфиналето на ФА Купот, а вчера, со домашен пораз од Борнмут (1:2), ја доведоа во прашање „веќе видената“ титула во Премиер лигата. Сега е на +9 од Манчестер Сити, но има уште два натпревари, а во следната рунда гостува кај тимот на Пеп Гвардиола.
Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, го победија Спортинг во Лисабон со 1:0, па се блиску до полуфиналето. Во клубот останува силна доверба во долгорочната визија на шпанскиот специјалист, и покрај зголемениот притисок по низата разочарувачки резултати. Иако критиките за менталитетот на тимот стануваат сè посилни и посилни, Арсенал сè уште верува дека Артета е вистинскиот човек за продолжување на проектот.
Според информациите од Англија, првите разговори за новиот договор веќе се одржани, а целта е договорот да се финализира пред почетокот на следната сезона. Незадоволството на навивачите беше видливо по поразот од Борнмут, кога од трибините на стадионот „Емирати“ можеа да се слушнат свирежи. И покрај ова, раководството на клубот нема намера да го промени курсот и продолжува да го поддржува Артета. Исто така, тренерот на Арсенал доби уверенија дека клубот ќе продолжи да инвестира во надградба на тимот. Приоритетите во следниот преоден рок се да се доведат централен играч од средниот ред и напаѓач кој игра на левото крило, со цел да се зголеми квалитетот и ширината на тимот. Сандро Тонали од Њукасл е силна желба во средниот ред, додека имињата за позицијата крилен напаѓач сè уште не се шпекулираат…
