Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Можеш да бидеш Адријана Лима – ама џабе е: Овие знаци најмногу ги привлекува високата интелигенција, а не изгледот

    Концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје – „Солисти на ФМУ“ во НУ Филхармонија

    Едногласно – Виктор Вембањама!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Полицијата превентивно врши претреси на малолетници во скопските средни училишта
    Македонија

    Полицијата превентивно врши претреси на малолетници во скопските средни училишта

    20/04/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Министерството за внатрешни работи започнало да врши претреси на дел од учениците во сите скопски средни училишта наводно од превентивни причини, а целта била да се спречат „девијантни појави“. Ваквата пракса за Мета.мк ја потврдија од МВР потенцирајќи дека проверките се вршат во соработка со педагошко-психолошките служби. Информацијата ја потврди и директорот на скопската гимназија „Никола Карев“, Андреј Манолев. Од градските власти пак, под чија надлежност се средните училишта, велат дека на полицијата не ѝ треба дозвола за да влезат во училиштат и да вршат претреси.

    „По претходно изготвен план, полициски службеници од СВР Скопје вршат проверки во содејство со психолошко-педагошките служби во училиштата на дел од учениците при влез во сите средни училиштата во Скопје“, одговорија од МВР. Оттаму додаваат дека „проверките се од превентивен карактер чија цел е спречување на девијатни појави, како и откривање на евентуално носење на наркотични средства и оружје“.

    „Безбедноста во училиштата е еден од приоритетите на полицијата“, одговорија од МВР.

    Директорот на гимназијата „Никола Карев“, за Мета.мк вели дека има вакви ненајавени претреси на одредено време, и тој лично смета дека тоа е во ред „заради безбедноста на сите“.

    „Минатата година се случи кај еден ученик да биде пронајдено мало ноже за на пикник, но независно од тој случај, има вакви проверки од МВР и инспектори кои се случуваат ненајавено на одреден период. Лично сметам дека е во ред да се прави тоа превентивно, заради безбедноста на сите“, изјави директорот Манолев.

    Се обративме и во град Скопје со прашања во однос на тоа врз основа на каква одлука се вршат вакви претреси на малолетни лица и кој и на кој начин избира кој ученик ќе биде претресен, но на овие прашања не добивме одговор. Прашавме и дали, со оглед на тоа што училиштата за средно образование се под ингеренции на градските власти, дали Град Скопје дал дозвола за вакви проверки на ранци на ученици. Оттаму одговорија за вакви активности на полицијата не ѝ треба дозвола од градските власти за да влезат во училиштата бидејќи таа се грижи за безбедноста.

    „Конкретно за проверките во „Никола Карев“, станува збор за полициско-инспекциска контрола организирана од МВР, поточно од полициска станица Карпош. Но претреси не се случуваат само во оваа гимназија, туку вакви активности може да има и во други училишта. Целта на активноста е да се изврши превенција, да се спречи евентуални несакани ситуации. Град Скопје ги поздравува сите активности на институциите кои придонесуваат за поголема безбедност на сите средношколци“, информираат оттаму за Мета.

    Како што дознава Мета.мк, овие проверки за дрога и оружје немаат поврзаност со протоколите на МВР кои беа воведени по серијата лажни дојави за поставени бомби во училиштата, кога најмногу на удар беа токму скопските средни училишта. Тогаш МВР престана да известува за тоа дали и каде има дојави за подметнати експлозивни направи во основните и во средните училишта, но и во останатите објекти во земјава, освен ако за тоа не одлучат стручни лица. Новите протоколи беа донесени со цел паниката и нервозата во јавноста да се сведат на минимум, а секојдневието на учениците, наставниот кадар и на родителите да биде без непотребни стресови.

    Освен ова, функционираше и протокол кој се смета за доверлив. Според тогашните сведочења на образовниот кадар во училиштата, полицијата прави проверки пред почетокот на наставата, а во објектите не смееше да се влезе без најава. Истовремено, приватното обезбедување на образовните институции ги проверуваше надворешните лица и при влез и при излез од училиштето, а безбедносните камери требаше да бидат постојано вклучени.

    Previous ArticleНБА го исфрли Дончиќ од „триото“ кандидати за МВП
    Next Article Алиу: Меџити и Касами ќе бидат копретседатели на партијата Вреди, вицепремиерот Фетаи не оди на работа

    Поврзани вести

    Мицкоски: Бугарија да избере проевропски ориентиран премиер, фокусиран на добрососедски односи

    19/04/2026

    Мицкоски очекува цената на бензинот и дизелот да се намали за 1,5 денари за литар

    19/04/2026

    МВР: Дојавите за бомби во „Ист Гејт“ и „Дајмонд“ се лажни

    19/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Можеш да бидеш Адријана Лима – ама џабе е: Овие знаци најмногу ги привлекува високата интелигенција, а не изгледот

    Концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје – „Солисти на ФМУ“ во НУ Филхармонија

    Едногласно – Виктор Вембањама!

    (Видео) Танцот на Мадона исмејуван: „Ова е смешно, сепак има 67 години“

    НАЈЧИТАНИ

    Хуманитарна акција на Зегин за најранливите во Малешевијата

    18/04/2026

    Ученици од ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово заминуваат на меѓународна размена преку Еразмус+

    18/04/2026

    Мицкоски: Нема поента да се бара екстрадиција на Груевски додека тој има азил

    17/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.